Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија
најавува дводневен семинар на тема:
Гокуи Не Ваза (Тајните на борба на земја)
со инструкторот Игор Довезенски
Како што веќе Ви е познато, во нашето доџо се посветува големо внимание на борбата на земја. Во школите на Буџинкан овие техники постојат во Такаги Јошин Рју, Шинден Фудо Рју и Кукишинден Рју. Многу од катите на Такаги Јошин Рју, завршуваат со техники на давење или лост на земја. Иако не се организирани во кати, во минатото било неопходно секој Буши (воин) да посвети внимание на тренингот на Не Ваза.
Ги покануваме сите вљубеници во боречките вештини да присуствуваат на семинарот и да научат повеќе за тајните на борба на земја. Семинарот е отворен за сите – без разлика на нивото на знаење, или, пак, на стилот.
Ова е можност за сите да го зголемат своето знаење за вештината која со векови била мистерија дури и за самите Јапонци.
Време: 23 и 24 јануари, 2010 год.
Распоред:
Сабота Недела
11.00 до 13.00 тренинг 11.00 до 13.00 тренинг
13.00 до 15.00 ручек-одмор 13.00 до 15.00 ручек-одмор
15.00 до 17.00 тренинг 15.00 до 17.00 тренинг
Место: Хомбу доџо Пат кон Сонцето – Скопје – Македонија
Опрема: Ги (горно и долно), појас и танто.