Високотиражниот
македонски месечен „Лајф Магазин“, во
јануарскиот број посвети три страници
на Школото за класични јапонски борбени
вештини Буџинкан Македонија
(Пат кон Сонцето).
Повод
за тоа беше одржувањето на нашата
традиционална Работилница за самоодбрана
за жени, која секој година буди огромен
интерес кај македонските медиуми.
Покрај
одличното претставување на организацијата
Буџинкан Доџо и соке Масааки Хатсуми,
членовите на нашиот клуб, Тина Доковска
и Зоран Тодоровски, демонстрираа за
јавноста и две техники за самоодбрана
за жени.
Според
информациите кои ги добиваме од
редакцијата на магазинот, оваа тема
предизвикала огромен интерес, така што
се најавува подолгорочна соработка
меѓу нашиот клуб и „Лајф Магазин“.
Насловот
на статијата „Македонки учат техники
на јапонски жени-воини“ е најавен на
насловната страница, а во текстот, покрај
претставувањето на нашиот клуб, има
кратко објаснување за деветте школи на
Буџинкан Доџо, како и за техниките на
жените-воини Куноичи.