Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан
Македонија, на 19 и 20 јуни (2010), организира семинар во природа со наслов „Кенџутсу
под ѕвездите на Липац“.
Како што самиот наслов кажува, семинарот ќе се одржи на
врвот на планината Липац, а ќе се обработуваат техники од класичната јапонска школа за
мечување Оно Ха Итто Рју.
Како што веќе знаете, покрај деветте школи на Буџинкан,
од неодамна инструкторот Игор Довезенски стана претставник и на организацијата
Даито Рју Аикибудо Даито Каи, во која се изучуваат две класични јапонски
боречки вештини: Даито Рју Аикиџуџутсу и Оно Ха Итто Рју Кенџутсу. Сето тоа ни
помага уште подобро да го разбереме начинот на Корју Буџутсу, феномен кој е
тема на проучување и вежбање во Буџинкан Македонија.
Ноќта, седнати околу логорскиот оган, ќе биде искористена за да ја
обработуваме вештината Сеишин Текки Кјојо односно духовното усовршување на воинот. И за дружење, кое е неизоставен дел при сите наши настани.
Ден: 19/20 јуни, 2010 година
Место: под ѕвездите на планината Липац
Опрема: шатор, вреќа за спиење, кеико ги, бокен, храна и
вода.
За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.
Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и
вештината.
Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.
Школото за класични јапонски боречки вештини Буџинкан Македонија има принова.
Под синиот небесен свод,
тоа од две школи (рју-ха), се додека прстите на рацете не отрнаа од држењето
На 09.05.2010 година (недела), Школото за класични борбени вештини Пат кон Сонцето /
боречките
тркалање
Со многу смеа и позитивна енергија, во духот на Роккон Шоџо, овој
историјата на овие две самурајски
Интензивниот тренинг
ист начин како што се вежбало во доџото Даитокан. Се работи во мала
Постарите ученици на инструкторот
Отворањето на секцијата