На бината на Домот на
културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, се одржа семинар на тема
„Запознавање со школите на Буџинкан“. На овој настан учество земаа 25 лица од
општината, како и од доџо-то на Буџинкан Македонија.
Под водство на
инструкторот Игор Довезенски, помогнат од неговите постари ученици, учесниците
на семинарот имаа можност да вежбаат основни техники од четири школи на
Буџинкан и тоа: Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу, Гјокко рју Кошиџутсу, Кото рју Коппоџутсу и Такаги Јошин рју Џутаиџутсу. Како и секогаш, тренингот беше доста
напорен, но на крајот сите беа задоволни од наученото. Ова особено важи за
учениците на Буџинкан Македонија, кои посебно се радуваат кога се повторуваат
основите на нашите вештини, што, пак, покажува дека тие се зрели воини кои ја
разбираат моќта на Кихон-от.
По завршувањето на
тренингот, членовите на Буџинкан Македонија, заедно со организаторот на
семинарот Панче Коцев, го посетија надалеку познатиот археолошки локалитет
Стоби, каде што уживаа во богатата историја на нашата преубава земја.
Во рамките на манифестацијата „Недела посветена на децата“, постарите ученици на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, ја посетија детската градинка „Бамби“ во Скопје, каде што ги забавуваа најмладите преку запознавање со јапонските традиционални боречки вештини.
прашања поставени од дечињата, а секако во врска со нинџите и самураите.
На покана од група граѓани од општината Градско, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе одржи семинар на тема „Запознавање со школите на Буџинкан“.
Од дванаесет пријавени учесници на Патот на шугенџа, вчера сите успешно го завршија семинарот. Тоа зборува дека физичката и менталната подготвеност на нашите ученици расте од година на година се повеќе. Резултатите од редовните тренинзи, кои се доста напорни, си го прават своето.
постоеја никакви патчиња, но и поради одбраната рута при враќањето, која го продолжи патот бидејќи не пресековме директно преку ридовите во правец на Липац. Таквото кружење не чинеше уште некој час повеќе.
Кога стигнавме на предвидената цел, инструкторот Довезенски одржа кратко предавање (Сеишин Теки Кјојо), а потоа групата се спушти кон Карпинскиот Манастир. Учениците беа вчудоневидени од убавината на ова македонско светилиште, но и од пејсажите во околината за кои слободно можеме да кажеме дека се едни од најубавите во нашата земја.
Секоја година, во последната недела од месецот септември, воините на Буџинкан Македонија го одржуваат традиционалниот семинар Патот на Шугенџа.
релациите помеѓу човекот и
Опрема: Земете се што имате, колку потешко-толку подобро (и побезбедно).
На малата Сара Ѓорѓиевска неодамна и е откриен тумор на мозокот кој треба итно да се оперира во болницата ACIBADEM во Турција. Операцијата чини околу 30.000 евра, а родителите не се во можност сами да ги соберат сите средства. По тој повод, во недела, со почеток во 11.00 часот, на Водно ќе одржиме хуманитарен тренинг, а собраните средства ќе бидат наменети како мала помош за малата Сара.
По успешно одржаниот Летен Нинџа Камп и малиот одмор што следуваше потоа, Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија продолжува со работа.
Единствениот
Од осум пријавени
По завршувањето на
под било какви услови и притисоци. Тие речиси и да не покажаа никаков замор во
Традиционално, како и секоја година, така и оваа, дојде денот кога можеме да ги испробаме нашите способности и вештини на дело: