По одржувањето на првиот семинар во доџо (Шиноби Таисо) и одличниот прием на истиот, Буџинкан Македонија го организира и првиот од семинарите во природа. Како и минатогодишниот јануарски, така и овој го има истиот наслов: Начини на преживување во природа.
Разликата е во тоа што сега ќе биде тестирана способноста на учениците самите да изградат засолниште односно да покажат дека ги совладале сите предизвици на ладната македонска зима.
Потоа, ќе се одржи и тренинг на тема: борба со нож.
Сите учесници освен опремата за во природа, треба да понесат и дрвен нож за тренинг, а доколку немат слободно нека се обратат за помош.
Предупредување:
температурите најверојатно ќе бидат во минус. Теренот е отворен и
ветровит. Присуство на диви животни во овој период од годината е
нормална појава. Најмалку седум часа без престан ќе се вежба на
екстремно ладно време.
Ден: 22.01.2012 (недела)
Место: Млака
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
09.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 враќање назад
Пријавување во доџо или на Форум.
По одличниот прием на
Вчера, во доџо-то на Буџинкан Македонија се одржа полагање за
кон
Што се однесува до организирањето на меѓународни семинари, оваа година
од други боречки вештини,
За наше најголемо достигнување во 2011, слободно можеме да го прогласиме
На 17 декември (2011), со почеток во 17.30 часот, шидоши Игор Довезенски ќе го одржи првото предавање, а воедно и вовед во системот „Шиноби Таисо“.
предвиден за постарите ученици на Буџинкан Македонија односно за оние кои наскоро ќе полагаат за шодан (прв дан-мајсторско звање).
Митовите и легендите поврзани со невидливото движење на јапонските нинџа воини се целосно разјаснети за учесниците на семинарот што денес се одржа во прекрасната шума Млака во подножјето на планината Липац.
Довезенски постави влажна хартија. Потоа на хартијата беа поставени тетсубиши, кои учениците требаа да ги почуствуваат под нозете и да ги истуркат со специјален чекор надвор од патеката на движење. 