Буџинкан час за првачињата во ОУ „Љубен Лапе“

Posted on Categories Почетна

Шидоши хо Марјан Прошев со асистенција на кохаи 24022012095923kose8765.jpgМаја
Илиевска, денес во основното училиште Љубен Лапе во Скопје, одржаа предавање на
првачињата на тема: „Класичните јапонски школи во Буџинкан и нивната поврзаност
со легендарните нинџи и самураи“. Се разбира, целото предавање беше прилагодено
на нивната возраст, а за да биде позабавно, членовите на Буџинкан Македонија
презентираа и дел од арсеналот кој се користи при тренингот во доџо.

Откако учениците беа запознаени со историјатот на
класичните боречки вештини и причините за појавувањето на самураите и нинџите, Прошев
и Илиевска одржаа тренинг за најмладите во спортската сала на училиштето, при
што на дечињата им беа покажани основните вежби од џунан таисо кои се потребни
за нивниот правилен телесен развој. Потоа, се одржа и краток час по таиџутсу и
кенџутсу, по што инструкторот Прошев им укажа на првачињата дека никогаш не
смеат да станат силеџии и дека треба 24022012095941kose9656.jpgсекогаш да се спротиставуваат на
силеџиството како и да помагаат на сите кои се послаби од нив и се чуствуваат
загрозени од посилните.

Децата, видно среќни, посакаа членовите на Буџинкан
Македонија повторно да ги посетат и да им одржат уште едно предавање. Неможејќи
да ја сокријат возбудата, дечињата постојано ги прегрнуваа инструкторите и им
пееа песнички.

Ние, како претставници на Буџинкан, остануваме отворени
за соработка со сите институции кои се грижат за здравјето и воспитувањето на
најмладите бидејќи сметаме дека токму децата се иднината и силата на нашата
земја.