Кјушо 急所 се витални точки распоредени по човечкото тело кои доколку се нападнат предизвикуваат голема болка.
Во Гјокко рју Кошиџутсу, за напад на овие точки се користат врвовите на прстите односно палците со брз и отсечен удар или притисок.
На 19 февруари, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема: „Гјокко рју Кјушо“.
На семинарот можат да учествуваат сите ученици на
доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.
Тема: Гјокко рју Кјушо
Ден: 19.02.2012 (недела)
Место: Доџо-то на Буџинкан Македонија
Време: 11.00 до 15.00 часот
Сите учесници на настанот ќе добијат цртеж со шематски приказ на виталните точки од оваа традиционална јапонска боречка школа (рју ха).
Пријавување и информации во доџо или на и-мејл.