Совладувањето на начините за зимско преживување се многу полесни кога по
вторпат ќе учествувате на семинар на истата тема. Во ова се уверија учениците
кои и минатата година беа дел од истоимениот настан.
Овој пат, учество на семинарот земаа тринаесет души кои поделени во неколку
групи ги совладуваа вештините за зимско преживување односно во изградбата на
засолниште со користење на природни материјали од опкружувањето и без користење
на алатки или орудие (само со голи раце). Имено, секоја група се состоеше од
еден ветеран и еден почетник, а нивната задача беше да покажат колку од
наученото од минатата, ќе можат да го искористат оваа година.
Откако учениците ја завршија задачата, инструкторот Игор Довезенски изврши
проверка на секое засолниште и ги предочи сите недостатоците на кои во
иднина ќе треба повеќе да се внимава.
Покрај тоа, учесниците имаа и неколку практични предавања за полесно
ориентирање во природа, палење на оган со помош на кремен, како и за менталната
подготовка при ситуација на преживување во зима.
На крајот на семинарот, се одржа тренинг на тема: борба со нож. Шидоши
Довезенски во оваа прилика подучуваше нови и напредни техники на таканареченото
„флуидно борење“ , што учениците го прифатија со посебно внимание.
Инаку, за време на семинарот минималните температури се движеа од -4, а
максималните се искачија на +3 целзиусови.