На покана од клубот Татсуџин од Белград, инструкторот на
Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, заедно со својот ученик Марјан Прошев,
учествуваа на семинар предводен од познатиот буџинкан мајстор Педро Флеитас од
Шпанија.
Семинарот со мајсторот Флеитас се одржа во саботата и во неделата, додека во
петокот, тренинг одржа мајсторот Мигуел Санз, водач на доџо-то во Мадрид. Така
имавме можност за прв пат да се запознаеме и со техниката на овој млад шихан,
инаку личен ученик на Флеитас.
Освен тренингот, трите дена ги искористивме и за другарување
со сите наши пријатели кои водат или вежбаат во доџо-ата ширум балканскиот
полуостров. Како и секогаш, моментите со нив беа пријатни, а разговорите за
изминативе години поминати во дружење и тренирање едноставно ги навраќаа
спомените назад.
За време на семинарот, шиханот Педро Флеитас одржа
полагање за годан (сакки тест) кој успешно го поминаа пет кандидати. Им
честитаме на сите.
На крајот да се заблагодариме на организаторот Саша Кешиќ за организацијата на
семинарот.