На 20 март, инструкторот Игор
Довезенски ќе одржи семинар во природа на тема: Фукија.
Станува збор за необично оружје кое било користено од страна на легендарните јапонски шиноби воини и кое задолжително било проучувано како дел од школата Тогакуре рју Нинџутсу.
Фукија е цевка за издувување на стрелки, а на семинарот ќе се изучуваат сите аспекти на оружјето, од развитокот, па до начинот на употреба.
На семинарот можат да учествуваат сите ученици со обоен појас на Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.
Потребна опрема за вежбање: фукија и стрелки.
Тема: Фукија
Ден: 20.03.2011 (недела)
Место: Лока
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот –
теоретски и практичен дел
17.00 враќање назад
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.