Високотиражниот месечник „Лајф Магазин“ во најновиот (февруарски) број објави репортажа за последниот семинар во природа на Буџинкан Македонија. Текстот со наслов: „Зимски тренинг на македонските самураи“ е напишан од новинарката Катарина Стојанова, а фотографиите се на фоторепортерот Андреј Гиновски.
Како и секогаш, Школото за јапонски класични борбени вештини „Буџинкан Македонија“ во најдобро светло ја претстави организацијата предводена од соке Масааки Хатсуми, а нашите настани постојано предизвикуваат огромен интерес во јавноста.
Екипата на „Лајф Магазин“ изрази желба да направи репортажа и за нашиот традиционален летен семинар на тема „Преживување“, каде што нашите членови вежбаат два дена на температура од +40 целзиусови, без храна и вода.