Семинар за Оно (самурајска воена секира)

Posted on Categories Почетна

Еден ден по одржувањето на семинарот за борба со Отсучи, се одржа и семинар за борба со голема воена секира.

Освен неколкумината Семпаи, на настанот учествуваа и децата на учителот Довезенски кои со својата волја докрај ги „истуркаа“ сите техники кои беа предвидени за неделниот семинар.

За две недели закажани се два нови настани: борба со нинџа мрежа (тоами), како и гаѓање со лак и стрела (јуми ја).

Одржан семинарот за борба со големиот самурајски чекан - Отсучи

Posted on Categories Почетна

Во јапонската градина во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, во саботата се одржа семинар за борба со голем самурајски чекан – Отсучи.

На настанот учествуваа неколкумина постари ученици (семпаи) на Буџинкан Македонија кои го усовршуваа веќе стекнатото знаење од школата Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу.

Семинарот за борба со Отсучи ќе продолжи и понатаму да се одржува, бидејќи освен пренесувањето на традицијата, одлично влијае и врз кондиционирањето на телото на Воините од нашето Доџо.

Силата на Јари XII - семинар за борба со копје

Posted on Categories Почетна

Дванаесетиот семинар за борба со копје, познат под името „Силата на Јари“ се одржа во неделата во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“.

Како и секоја година, настанот беше привлечен за десетина членови на Буџинкан Македонија, кои цела година со нетрпение очекуваат да научат некоја нова тајна за борба со самурајско копје.

По завршувањето на семинарот, сите учесници го искажаа своето задоволство од учеството и уште веднаш го најавија присуството за следната година.

Семинар за Шурикени во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Минатата сабота, во Хомбу Доџото на „Пат кон Сонцето“ се одржа семинар за фрлање Шурикени. Како и секојпат, овој настан ги привлече вљубениците на ова средновековно јапонско проектилно оружје, кои со големо задоволство ги совладуваа техниките предадени од страна на инструкторот Довезенски.

Слободното време беше искористено за разни друштвени игри, како и за мини фудбалски мундијал меѓу учесниците на семинарот.

Вечерта до доцна во ноќта се седеше и разговараше покрај каминот во Хомбу-то.

Буџинкан Македонија повторно започнува со тренинзи!

Posted on Categories Почетна

После 11 месеци вежбање на отворен простор, во шуми, по ридови или во Хомбу, а сето тоа предизвикано поради пандемијата со корона вирусот, вчера го одржавме првиот тренинг со почитување на сите протоколи пропишани од Министерството за здравство на Република Македонија.

И тоа не е се! Стартувавме во целосно нов и реновиран простор кој овозможува поголем комфор и секако подобри тренинзи.

Истовремено ја известуваме јавноста дека во моментов имаме можност да запишеме само пет нови членови, па така, доколку сте заинтересирани да започнете едно ново и магично патување во светот на јапонските самураи и нинџи –  Ве очекуваме.

Начини на Зимско Преживување XI

Posted on Categories Почетна
Целодневниот дожд проследен со ниска температура воопшто не не’ поколеба да се откажеме од нашиот традиционален семинар на кој ги проучуваме техниките за зимско преживување.

После пет години усовршување во шумски терени, а потоа и пет години совладување на преживувачките методи во ридските области, оваа година почнуваме нов предизвик на проучување на техниките –  и тоа на карпесто-долински терен. За таа цел, го одбравме Смкнено, место кое се наоѓа на почетните ридови кои се составен дел од планината Липац.

Намокрени и измрзнати поради целодневниот дожд, успешно ги повторивме и реализиравме петте основни правила за преживување во зимски услови. Иако за многумина невозможно, на примитивен начин и со голема леснотија успеавме да запалиме оган и да се стоплиме околу него.

Поради (намерно одбраниот) суров терен, оваа година претставивме начин на градење на едноставно и примитивно засолниште, наречено дувло.
Со искрена радост констатираме дека учениците се полесно се снаоѓаат на секакаква почва. За пофалба се и децата на инструкторот Игор Довезенски кои како вистински јунаци без двоумење ги поднесоа ниските температури. Тие редовно ги посетуваат речиси сите семинари во природа, кои се заштитен знак на Буџинкан Македонија.
Ова беше првиот семинар за оваа година, а ние сакаме да веруваме дека наскоро се ќе се врати во нормала и дека со уште поголема жестина ќе продолжиме со нашата работа.

Успешно завршен семинарот „Нинџа Хачимон“

Posted on Categories Почетна

Во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, викендов што измина се одржа семинар на тема Нинџа Хачимон односно Осумте порти на Нинџата.

За време на настанот, учесниците имаа ретка можност да ги изучуваат тајните на борба со едно класично средновековно јапонско оружје против друго оружје.

На семинарот учество зема и еден член на Буџинкан Доџо Лимбург од Германија, со што настанот доби меѓународен карактер. Учесникот од странство беше презадоволен од наученото и воодушевен од квалитетот и знаењето на своите македонски соборци, па така по завршувањето на семинарот тој најави свое следно учество на некој од нашите идни настани.

 

Одржан семинарот „Борба со Нож и Пиштол“

Posted on Categories Почетна

Во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, викендов што измина се одржа семинар на тема „Борба со нож и пиштол“.
На настанот учествуваа единаесет членови на Буџинкан Македонија кои во текот на двата дена изучуваа начини на справување со напаѓач кој атакува низ различни сценарија.

За време на семинарот, учителот Игор Довезенски постојано ги потенцираше најважните аспекти на борбата, а особено внимание посвети на психолошката и филозофската подготвеност кои еднакво се важни во ситуација кога сме нападнати и животот ни е во опасност.

По завршувањето на настанот, учесниците го изразија задоволството и се заблагодарија на учителот за деталноста околу предавањето на техниките.

 

По 12-ти пат одржан „Летниот Нинџа Камп“

Posted on Categories Почетна

Во периодот од 4-ти до 12-ти август, во Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, по дванаесети пат се одржа легендарниот и надалеку проучениот настан на Буџинкан Македонија – Летниот Нинџа Камп.

Поради ситуацијата со корона вирусот и почитувањето на мерките предвидени од властите на Република Македонија, оваа година бевме принудени учеството да го ограничиме на само 15 учесници. Како и да е, дури и во услови на пандемија и економска криза, целосно беа  задржани квалитетот, како и содржините на кампот.

Им благодариме на сите учесници за подршката, а воедно го изразуваме нашето задоволство поради сите прекрасни зборови искажани и упатени на нашата адреса.

Се гледаме следната година!

Големата самурајска секира Оно - семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Во неделата во дворот на Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ се одржа семинар посветен на големата самурајска секира (Оно) на Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу.

За време на настанот, учесниците имаа можност да ги вежбаат техниките со Оно, кои се неверојатно интересни, особено што за да се работи со ова орудие, треба да се поседува снага и контрола во мускулите.

На крајот на семинарот, членовите на Буџинкан Македонија побараа на есен да биде организиран уште еден семинар на истата тема.