Рекорден број учесници на 14-тиот „Силата на Јари“ семинар

Posted on Categories Почетна

Еден ден по одржувањето на семинарот за Шурикени во дворот на Хомбу-то, на ливадите во шумата Млака се одржа легендарниот семинар за борба со копје (Соџутсу). Познат под името „Силата на Јари“, овој настан се одржува веќе четиринаесет години по ред и важи за еден од најпосетуваните нинџутсу семинари во Буџинкан Македонија.

Покрај силното ехо предизвикано од киаи-то на Воините од „Пат кон Сонцето“, атмосферата беше збогатена и со песната на птиците кои ја наговестија пролетта, но и новата сезона на семинари организирани од учителот Игор Довезенски.

За пофалба е што на ова 14-сето издание се постави и нов рекорд  на учесници односно беа пријавени 23-ца.
Следниот семинар во Хомбу ќе биде на тема Тоами (борба со мрежа), па затоа ја користиме оваа прилика да Ви упатиме покана за учество и за дружба.