Како што самиот наслов кажува, оваа година по четврти пат ќе го одржиме семинарот посветен на нашиот Даито рју Аикибудо учител – шиханот Антонино Черта.
Ние од Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето, целосно сме посветени на изучување на неколку традиционални јапонски буџутсу школи, меѓу која и Оно ха Итто рју (Такеда ден).
Оваа моќна мечувалска школа била задолжителна за сите членови на познатиот самурајски клан Такеда. Легендарниот воин Сокаку Такеда, познат како еден од последните јапонски самураи, добил менкјо каиден (лиценца за стекнато знаење) токму за оваа кенџутсу рју ха.
Овој настан нашите членови со нетрпение го чекаат во текот на целата година. За време на дводневниот тренинг во природа, на врвот на мистичната планина Липац, учениците од сите степени се дружат и запознаваат меѓу себе.
Во текот на денот, ќе се одржуваат по три тренинзи, а вечерта ќе биде резервирана за дружење околу огнот, проследена со вкусно гравче и по некое пивце.
Ден: 01/02 јуни, 2013 година (поаѓање од Скопје во 07.00)
Место: под ѕвездите на планината Липац.
Опрема: шатор (кој има), вреќа за спиење, кеико ги, кјахани или високи чорапи (против крлежи) бокуто (може и резервен), храна и вода.
За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.
Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и вештината.
Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.
Настанот ќе се одржи без разлика на временските услови.
Довезенски, беше во неколкудневна посета на Холандија, каде што за прв пат имаше можност да ја вежба најстарата документирана традиционална јапонска боречка вештина – Теншин Шоден Катори Шинто рју.
Семинарот посветен на начините на борба со
Оваа година, повторно ќе се вратиме на почетоците односно на основата, а тоа е одлична можност за сите кои досега не се запознале со копје-то. 
Иако
Шидоши Игор Довезенски, вчера одржа семинар на тема Наге Ваза (Техники на фрлање на противникот).
најстарите школи за иаиџутсу. Извлекувањето на мечот е базирано на природните движења на телото со цел да се обезбеди динамичен и изненадувачки напад врз противникот“.
Далеку од градската врева, на температура под нулата и во услови на снег, вчера се одржа зимскиот нинџа тренинг „Начини на преживување во природа“.
Под водство на шидоши Игор Довезенски, викендов во Скопје се одржа семинар со наслов: Таи Сабаки и Каеши Ваза.