Викендов што измина во скопското доџо на Буџинкан Македонија се одржа
семинарот за Нинпо Не Ваза (нинџа техники на борење на земја). На
настанот учествуваа 20 ученици кои во текот на двата дена неуморно го
впиваа знаењето пренесено од инструкторот Игор Довезенски.
Во
саботата се вежбаа основните положби на телото, основните премини и
техники на контрола на противникот, додека неделата беше резервирана за
начините на совладување на напаѓачот преку давење и полуги на рацете и
нозете.
Поради големиот интерес на учениците, беше договорено следната недела да се одржи уште еден семинар на истата тема.