Во Доџо-то за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“, отсекогаш се посветувало внимание на Не Ваза односно на техниките на борење на земја. Во вештините наследени од Такаматсу, овие техники најмногу се застапени во Такаги Јошин Рју и Шинден Фудо Рју. Многу од катите на овие две школи, завршуваат со техники на давење и лостови во лежечка или во седечка положба.
Денешните популарни спортови и вештини, како што се ММА и БЏЏ, ги користат техниките за борба на земја за да победат на борилиштата ширум светот. Во минатото, истите техники биле користени од страна на јапонските воини со цел да преживеат во турболентните времиња и секојдневието. Во Нинпо Не Ваза, се уште се користат техники кои се забранети во спортската борба, меѓутоа се крајно ефикасни во ситуациите кога животот е во опасност.
Инструкторот Игор Довезенски ќе одржи семинар за Нинпо Не Ваза, наменет исклучиво за членовите на организацијата Пат кон Сонцето, без разлика на звањето или вештините што ги тренираат.
Датум: 23/24 ноември 2013
Место: Скопје (во доџо-то на Буџинкан Македонија)
Време: 11:00 – 15:00 (сабота и недела)
Тема:
-Нинпо Не Ваза но Кисо (сабота)
-Нинпо Не Ваза но Џокјуу (недела)
Семинарска такса: симболични 300 денари (за двата дена)
* Средствата собрани од семинарот ќе бидат донирани. За да се одржи овој настан, потребно е да се пријават најмалку 10 учесници.
Повеќе информации за Нинпо Не Ваза —>тука