Вкупно 11 учеснички, од кои девет членови на Буџинкан Македонија и две гостинки, викендов ги совладуваа техниките на самоодбрана во Хомбу Доџо-то на организацијата Пат кон Сонцето.
Во текот на саботата, се одржаа два тренинга. Првиот беше посветен на ослободување од зафати за раце и тело, додека на вториот се разработуваа техники на самоодбрана додека жртвата седи на стол.
Во неделата, се изучуваа борбени техники на земја, како и начини на справување со напад кога напаѓачот ќе ја притисне жртвата до ѕид.
За време на целиот настан, во доџо-то владееше неверојатно позитивна атмосфера, а насмевката ниту за миг не се симна од убавите лица. Иако на техниките им се пристапи со огромно внимание, сепак хуморот постојано се провлекуваше и дополнително ги мотивираше учесничките.
Слободното време, дамите го искористија за шетање низ убававата природа што се наоѓа околу доџо-то на Пат кон Сонцето, а инструкторот Довезенски се трудеше да им го направи секој миг посебен.
На крајот беше договорено од 2014-та да има два настани годишно кои ќе бидат посветени исклучиво на припадничките на понежниот пол.