Воините од доџо-то за традиционални јапонски боречки вештини, Буџинкан
Македонија, оваа година за последен пат ќе појдат на духовното патување наречено „Патот
на Шугенџа“.
После седум години од првиот марш, шидоши Игор Довезенски одлучи дека е време и овој настан да замине во „историјата“ и да се придружи на останатите подвизи по кои Буџинкан Македонија е позната.
За што поточно станува збор?
Дваесетина ден пред одржувањето на настанот, инструкторот Довезенски постела географска карта на Македонија на земја, а потоа со заврзани очи посочува кон одредено место. Потоа со линијар се повлекува правец од почетната до крајната точка. Подоцна учесниците на семинарот се движат по таа патека, без разлика на условите на теренот. Во просек, рутата која што се изодува изнесува околу 50 километри, а рекордот беше поставен во 2009 година, кога членовите на Буџинкан Македонија изодеа 80 километри за 15 часа и 40 минути.
Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува релациите
помеѓу човекот и
природата. Шугендо значи „Пат преку вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до
достигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.
За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел во близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Некои учени веруваат дека токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.
Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување
Ден: 29 септември, 2013 (недела)
Место: Липац – Секулица (Скала*) – Липац
Програма:
07.00 часот – поаѓање од Скопје
08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
Враќање назад – само Господ знае!
Опрема: Земете се што сакате. Се е на Ваша одговорност и совест.
п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд, невреме и останати непредвидени работи. Секој доаѓа на сопствен ризик. Пред да се пријавите, проверете ги информациите на нашата веб-страница од минатите години.
* на долната фотографија е најодалечената точка на патувањето, местото наречено Скала.