Одржан Патот на Шугенџа® VII (Последното Патување)

Posted on Categories Почетна

Педесет и осум километри за 12 часа, изодеа учесниците на семинарот Патот на Шугенџа, што се одржа во текот на вчерашниот ден.
 
На
„Последното Патување“, се пријавија 13 членови на Буџинкан Македонија и
двајца гости од страна. За жал, на половина пат од предвидената рута,
едниот од нив поради појава на здраствени проблеми, предизвикани од
големиот напор, мораше да се откаже.  
Семинарот започна во
08.00 часот, кога по кратки подготовки, групата се упати кон падините на
Липац. По едночасовно искачување, се пристигна во Бељаковскиот
Манастир, а потоа учесниците се упатија во правец на југ, кон Пезово. На
половина пат до селото,  кај еден од учесниците на семинарот, почнаа да
се јавуваат здраствени проблеми, по што шидоши Довезенски мораше да го
забави темпото на движење. Со свртување кон југоисток, групата се упати
кон селото Татомир, каде што изнемоштениот беше испратен со автомобил во
Скопје. Поради непланираниот застој, дојде до мала измена на првичниот план, па наместо крајната точка да биде Скала, групата направи кружен лак кон север движејќи покрај западниот дел на Секулица. Со постепено намалување
на надморската висина, учесниците се спуштија кон коритото на Крива
река во селото Шопско Рударе. Движејќи се кон запад, преку Коњух, тие
навлегоа во селото Бељаковце. Пет километри пред стартната точка, во
чест на Последното Патување, членовите на Буџинкан Македонија направија
педесет склекови со полна опрема на себе, а потоа ги изодеа и последните
километри. По пристигнувањето на почетната точка од рутата, шидоши
Довезенски овој седумгодишен подвиг го прогласи за затворен.

Пресметките
направени со помош на воените карти и со помош на сателитската
навигација, покажаа дека за точно 12 часа, се изминаа 58 километри по
ридско-планински и тешко прооден терен