Единствениот нејапонски шихан за Даито рју Аикиџуџутсу, Антонино Черта, викендов што измина одржа семинар за учениците на Даито рју Македонија – Корју Доџо.
Настанот беше подржан од страна на Организацијата за изучување на јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето, а на него учествуваа вкупно девет нејзини членови.
Како и секогаш, сенсеи Черта несебично се трудеше да го пренесе своето знаење навлегувајќи во најситните детаљи од катите на Никкаџо. Учесниците цело време вежбаа напорно и не се штедее ниту за миг.
За време на семинарот, шиханот Черта и официјално ја додели дипломата за шодан и лиценцата за шибу чо на неговиот претставник за Македонија, Игор Довезенски.
На крајот, сакаме да изразиме голема благодарност до нашиот учител Антонино Черта и да му посакаме одлично здравје. Следната година се гледаме повторно во Македонија.