Одржан Летниот Нинџа Камп V

Posted on Categories Почетна

Токму по фанатичниот тренинг и прекрасното15082013042849Grupna%20Fotka1.jpg дружење ќе бидат
запаметени деветте дена на петтиот по ред Летен Нинџа Камп, организиран од
страна на Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан
Македонија.

И овој пат, место извештај, ќе Ви пренесеме дел од
импресиите на учесниците:

– Јас сум воодушевен од
кампот и од активностите. Многу работи ми оставија одличен впечаток, но ќе ги издвојам екпедицијата низ реката, ноќните акции и последната ноќ помината со смеење. Да не заборавам, голем „позитивен“ впечаток остави и еден
бокен на мојата глава :). Школата што ја работевме многу ми се допадна, а знаењето ќе ми помогне за моето следно полагање за 9 кју. (Таки Г.)

– Секој ден ми беше многу убав и позитивен. Не можам да ги опишам ноќните тренинзи, кои беа неверојатно добри, а исто така, водопадот на браната и капењето во реката ми оставија добар впечаток. Последната ноќ беше одлична, а особено пченката на скара, смеата, пивото и дружењето. (Михаил Д.)

– Ова е
мој 5-ти камп и на сите сум си поминал одлично. Но овој ми беше најуспешен досега. Дадов се од себе и извежбав со максимални 100%.
Храната беше одлична како и секогаш, а следствено на тоа и одењето во „кабината“ задоволителна. Ти благодарам сенсеи за мотивацијата, за несебичноста при предавањата и на лекциите и подршката. Благодарност и на сите што гинеа за нашите стомаци да бидат полни. Се гледаме следната година!!! (Тоше А.)

– Ова беше мојот прв камп, но
дефинитивно нема да биде последен. Поминав девет незаборавни денови и осознав многу нови работи за животот. Тренинзите беа одлични, школата беше перфектна, а посебно ми беа интересни ноќните акции. Храната беше неверојатно вкусна и
со душа го чекав секој оброк. А за последната ноќ немам што да
кажам…релаксирање покрај оган со печена пченка и пивце под отвореното
звездено небо под Липац. Совршено!!! 
И на крај, голема благодарност до Вас сенсеи за подршката, но најмногу за критиките кои ми ги напишавте на едно мало парче хартија. Се надевам дека нема да ве разочарам. (Драгана Л.)