Уште само четири дена не раздвојуваат од стартот на петтиот по ред Летен Нинџа Камп во организација на Школото за класични јапонски борбени вештини – Буџинкан Македонија.
Како и секоја година, кампот ќе се одржи во периодот од 4-ти до 12-ти август, во хомбу доџо-то на организацијата Пат кон Сонцето, а сместено во долината под планината Липац.
Додека некои наши членови го користат август како единствен месец за одмор од напорните тренинзи, други му дават приоритет на Летниот Нинџа Камп на Буџинкан Македонија. Така, тренинзите продолжуваат со уште посилно темпо, „засилени“ со неверојатно добра забава и дружење.
Овој настан е отворен за сите, без разлика на припадноста, стилот или степенот во одредена боречка вештина. Ова е шанса одблизу да се запознаете со нашата работа и да се дружите со членовите на Буџинкан Македонија.
Остануваат уште неколку дена за пријавување.
Повеќе информации тука:
http://camp.bujinkan.mk/index.php?p=camp&lang=