Во скопското доџо на Буџинкан Македонија, во саботата се одржа шестиот по ред “Детски Нинџа Маратон“. На настанот учествуваа 15-тина дечиња од двете групи кои уживаа во разните активности кои секогаш се неизоставен дел од овој семинар.

Покрај редовниот тренинг на кој што се изучуваат разни техники, најмладите членови на Буџинкан Македонија ги зголемија своите моторички вештини преку таканаречената „Нинџа Гимнастика“ со пречки, а на крајот сите уживаа во проекцијата на еден од филмовите со легендарниот глумец Џеки Чен.
Се гледаме на следниот „Детски Нинџа Маратон“.





Една од целите на мајсторот Лескаровски е токму неговиот карате клуб „Кашивакан“ да биде собиралиште каде што заинтересираните ќе можат два пати годишно да вежбаат со инструкторот Довезенски и да се запознаат со корените на јапонските боречки вештини. За таа цел, веќе за напролет е закажан следниот „Кобудо Гашуку“ семинар, кој сигурно ќе биде уште по посетен, со оглед на тоа што првиот повеќе имаше за цел да ги запознае членовите на Кашивакан Доџо-то со Корју вештините кои се претходница на модерното Будо.











