Нинџа Клинци-те на Буџинкан Македонија повторно ги презентираа своите Нинџутсу вештини и по којзнае кој пат ги оставија без зборови сите присутни гости во скопскиот Градски Парк.

Демонстрацијата се одржа во саботата, во рамките на настанот „После Часови“, а во неа учествуваа осум членови на групата за дечиња од единственото Нинџутсу доџо во Македонија.
Како и секогаш, Ембу-то на Нинџа Клинци-те привлече најголемо внимание на настанот и ги собра најгласните аплаузи од публиката.
На крајот уште да му честитаме на инструкторот Таки Гаковски кој неуморно работи со најмладите членови на Буџинкан Македонија и дарежливо го споделува своето знаење со нив.







еден од најверните и најпосветените ученици на учителот Игор Довезенски, успешно го положи тестот за 3 ДАН, со што Буџинкан Македонија стана побогата за уште еден мајстор со високо звање.





