На 2 јули, 1995 година, со работа започна Школото за класични борбени вештини Буџинкан Македонија (Пат кон Сонцето). Тоа беше основано од страна на Игор Довезенски, човекот коj за прв пат во Македонија ги „донесе“ класичните јапонски самурајски и нинџа вештини. Од тогаш, па до денес, нашето доџо е единствен претставник на организацијата Буџинкан Доџо на соке Масааки Хатсуми.
Од неодамна, станавме представници и на организацијата Даито рју Аикибудо Даито Каи, во која што се проучуваат класичните борбени вештини Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу.
Во оваа прилика, нема да пишуваме за нашите успеси, туку ќе ја искористиме за да ги поканиме сите наши членови, сегашни и поранешни, сите наши пријатели кои ја следат нашата работа, сите кои што некогаш биле дел од нас и кои уживале во нашите тренинзи, да дојдат на забавата што ќе се одржи на 12 јули, во нашето доџо.
Прославата ќе започне во 20.30 и ќе трае до 22.30 часот. Коктелот ќе биде организиран од страна на реномираната кетеринг служба „Ла Бруско“, чии клиенти се најпознатите македонски претпријатија и представништва. За атмосферата ќе се погрижат музичари кои истовремено се и членови на нашето доџо.
Со цел подобро да го организираме настанот, Ве молиме да се најавите преку нашиот и-мејл или на некој од нашите телефонски броеви.
Каков семинар, каков тренинг, каква атмосфера. Со еден збор одлично. Два дена, пет тренинзи, по два часа, вкупно 10 часа нурнување во чудесниот свет на Оно ха Итто рју Кенџутсу, во услови на наизменични промени на сонце и дожд, проследени со молњи и грмотевици.
Во неделата првиот тренинг се одржа веднаш по изгрејсонце. За тоа време во жарот на огинот се препелкаа млади компирчиња што послужија како вкусен доручек. 
Оно ха Итто рју се одликува со чисти, брзи, моќни и едноставни движења и токму тоа ја прави да биде толку ефикасна. Иако во Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија, првенствено се изучуваат деветте школи на Буџинкан Доџо, ние со задоволство одлучивме да ја изучуваме и оваа школа. Тоа се случи благодарение на учителот Антонино Черта, единствениот западен шихан на Даито рју Аикибудо, кој несебично прифати да го подучува инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски.
Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан
Школото за класични јапонски боречки вештини Буџинкан Македонија има принова.
Под синиот небесен свод,
тоа од две школи (рју-ха), се додека прстите на рацете не отрнаа од држењето
На 09.05.2010 година (недела), Школото за класични борбени вештини Пат кон Сонцето /
боречките
тркалање