Единствениот
месец (август) кога доџо-то на Буџинкан Македонија престанува со работа, се
користи за учество на нашиот Летен Нинџа Камп. Како и минатата година,
така и оваа, настанот ќе се одржи од 04 до 12 август, при што подеднакво ќе уживаме и во
тренинзите и во дружењето.
Иако беше
предвидено учество на само 14 ученици, капацитетите ги зголемувавме два пати,
од причина што интересот беше огромен, а местата беа пополнети за само две
недели од објавувањето. Така, на крајот беше одлучено бројката да се стопира на
18 учесници. Ваквиот огромен интерес само покажува дека квалитетот и содржините
на нашиот камп се на највисоко ниво.
Истовремено им се
извинуваме на сите што моравме да ги одбиеме поради ограничените капацитети.
Едноставно не сакаме да го намалиме нивото на овој прекрасен настан.
Доџо-то во Скопје
продолжува со работа од 1 септември на исто место и во исто време. Ги
известуваме сите заинтересирани за Буџинкан Нинџутсу дека тогаш ќе можат да се зачленат и да почнат
со редовните тренинзи.
Со почетокот на
новиот семестар, во центарот на Скопје отвораме уште едно доџо, за Даито рју
Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу, две класични јапонски самурајски школи.
Со ова, ние стануваме единствени претставници и на организацијата Даито рју
Аикибудо Даитокаи на територијата на цела Југоисточна Европа.
Ви посакуваме
пријатен одмор.