Забава по повод 15 години Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

03072010082924logo.jpgНа 2 јули, 1995 година, со работа започна Школото за класични борбени вештини Буџинкан Македонија (Пат кон Сонцето). Тоа беше основано од страна на Игор Довезенски, човекот коj за прв пат во Македонија ги „донесе“ класичните јапонски самурајски и нинџа вештини. Од тогаш, па до денес, нашето доџо е единствен претставник на организацијата Буџинкан Доџо на соке Масааки Хатсуми.
Од неодамна, станавме представници и на организацијата Даито рју Аикибудо Даито Каи, во која што се проучуваат класичните борбени вештини Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу.

Во оваа прилика, нема да пишуваме за нашите успеси, туку ќе ја искористиме за да ги поканиме сите наши членови, сегашни и поранешни, сите наши пријатели кои ја следат нашата работа, сите кои што некогаш биле дел од нас и кои уживале во нашите тренинзи, да дојдат на забавата што ќе се одржи на 12 јули, во нашето доџо. 

Прославата ќе започне во 20.30 и ќе трае до 22.30 часот. Коктелот ќе биде организиран од страна на реномираната кетеринг служба „Ла Бруско“, чии клиенти се најпознатите македонски претпријатија и представништва. За атмосферата ќе се погрижат музичари кои истовремено се и членови на нашето доџо.

Со цел подобро да го организираме настанот, Ве молиме да се најавите преку нашиот и-мејл или на некој од нашите телефонски броеви.