Одржан семинарот Готон По

Posted on Categories Почетна

3f08a782-5bbe-47fc-8312-794b9322c34d.jpgЗа овој Готон По може да се каже дека беше продолжување на минатогодишниот.
Тренингот започна на местото викано Еленачки Карпи, каде што учениците
на Буџинкан Македонија учеа како да се качуваат и симнуваат по карпи
без никаква заштитна опрема односно само со помош на обично јаже и меч
(бокен). Потоа се изучуваа техники на качување со помош на два ножа, но
и со помош  со партнер.
По ова, со помош на инструкторот Игор Довезенски, постарите ученици ги
подучуваа помладите како се подготвува стапица, а најдобар момент на
семинарот беше договорената акција за изненадување на „непријателските
гонители“.
Следуваше објаснување и изработување на таканаречената Огнена Топка, со
која на некој следен семинар уште подетално ќе се позанимаваме.
Освен овие вештини, на учениците им беше посветено големо внимание при
запознавањето со лековитите билки и користењето на опкружувањето во
случај на преживување во природа.
Семинарот беше успешен и покрај топлото и спарно време, кое се трудеше
да влијае врз телесните и умствените способности на учесниците.  

Готон По семинар во природа

Posted on Categories Почетна

 641c450a-7ff5-4dce-92fb-6682cb93b2f6.jpgТрадиционалниот семинар во природа на тема: Готон По (користење на
петте природни елементи), оваа година ќе се одржи на 07.06.2009.
Готон По е составен дел од легендарната вештина на Тогакуре Рју
Нинџутсу, Интон Џутсу, односно вештина на сокривање, избегнување и
камуфлирање. Според тоа, учесниците на семинарот ќе имат можност да
научат како да ги користат природните елементи: земја, вода, дрво, оган
и метал, со цел да можат да се сокријат, камуфлираат и да ја избегнат
опасноста која им се заканува.

Ден: 07 јуни (2009)

Место: Млака и Еленачки Карпи

Програма:    08.00 часот – поаѓање од Скопје
                     09.00 часот – пристигнување
                     10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
                     16.30 – враќање назад

Цена: 1.000 денари (во цената е вклучено: семинарска такса и превоз)

Овој пат ќе се работи во мала група. Пријавување до петок.

Буџинкан Македонија на семинар со Едвард Мартин во Црна Гора

Posted on Categories Почетна

7b5bd2ff-4fd9-47bf-a564-d33672d441ce.jpgНа покана од Нинџутсу Сојузот Буџинкан Црна Гора, Нинџутсу Сојузот
Буџинкан Македонија учествуваше на првиот меѓународен будо таиџутсу Таи
Каи семинар во оваа пријателска земја. На семинарот, кој се одржа во
градот Будва и кој беше беспрекорно организиран, учество земаа околу 60
учесници од неколку земји.
Во текот на двата дена, шиханот Едвард Мартин (Папа Сан) ги подучуваше
учесниците на техники на одбрана од нож, но и на голорака борба (таи
џутсу).  
Како и секогаш, покрај техничкиот дел, учителот Едвард Мартин оддели
време за подучување и на менталниот апсект на борбата ( преку куден)
илустрирајќи го тоа со најразлични примери од неговото богато искусто
како будока.
Беше убаво да се видат и нашите стари пријатели од клубовите со кои Буџинкан Македонија веќе со години негува одлични односи.
Во времето предвидено за пауза помеѓу двете сесии, нашата седумчлена
„екипа“ ја посетуваше градската плажа во овој туристички центар и се
капеше во морето, додека вечерите беа резервирани за забава во стариот
дел од градот.
На затворањето на настанот, организаторот на семинарот Предраг
Лазаревиќ, на представникот на Буџинкан Доџо за Македонија Игор
Довезенски, му додели специјално признание за Развојот на Буџинкан
Нинџутсу во Црна Гора.
Им посакуваме на нашите пријатели и понатаму да организираат вакви прекрасни семинари.
Гамбате !!!

Одржан семинарот Кенџутсу Кихон

Posted on Categories Почетна

6e89774e-1d44-49f8-b858-140f2c38bc29.jpgПод водство на Игор Довезенски, главен инструктор на Нинџутсу Сојузот
Буџинкан Македонија, вчера на ридот Еленац се одржа семинар на тема
Кенџутсу Кихон на кој учесниците имаа можност да ги проучуваат
основните техники на ракување со јапонски меч. 
Пред започнувањето на техничкиот дел, учителот Довезенски преку Куден
(усно предавање) ги запозна учениците со некои важни правила кои се
однесуваат за оваа вештина, но исто така, им укажа на важноста на
психичката подготвеност за време на изведување на самите техники на
борба со меч.
Потоа, се вежбаа основните положби на телото (камае но ката) при што
беа објаснувани начините на напад односно сечење од соодветното камае.
Тренингот продолжи со демонстрација и вежбање на осумте начини (правци)
на сечење со меч (хаппо гири), како и реалната борбена апликација на
истите (шинкен гата).
Учителот Довезенски на доста високо ниво и со многу детаљи ја
објаснуваше секоја техника, а на крајот ги подучи учениците на
посебниот начин на движење (таи сабаки) при борба со меч, по што
движењето беше проучувано преку ставот Ичи но Камае и техниката Тсуки
(прободување).
На крајот беа искажани пофалби за учесниците од почетната група на
доџото Пат кон Сонцето Скопје, кои покажаа задоволителни резултати на
семинарот.
Голема благодарност до Природата (читај Господ) за прекрасниот сончев
ден, кои ни овозможи да ги наполните ќелиите во телото со благодатна
енергија. 

Кенџутсу семинар во природа

Posted on Categories Почетна

a268ba95-b081-49a0-b29d-ec91d95007a3.jpgНа 26 април (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Кенџутсу Кихон (основни вештини на користење
јапонски меч).
На семинарот ќе се обработуваат основните положби на телото (камае),
основните техники на сечење (хаппо гири), но и користење на мечот во
борбени ситуации (шинкен гата).
Семинарот е предвиден за сите ученици, без разлика на нивото на нивното
знаење, но е посебно важен за почетниците кои досега не ја изучувале
оваа вештина.

Тема: Кенџутсу

Ден: 26 април, 2009 година

Место: Еленац

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.30 часот – враќање назад

Цена: 1.000 денари – во цената е вклучено: семинарска такса и превоз 

Пријавете се на време на е-маил или во доџо.
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови (…и да врне и да вее и бура да коси…)

Одржан семинарот со шиханот Свенерик Богсатер

Posted on Categories Почетна

2d85b75b-923e-4b15-aeda-f38f777810ad.jpgОколу 40-тина учесници од четири балкански земји учествуваа на
семинарот со големиот нинџутсу мајстор Свенерик Богсатер, што викендов
се одржа во главниот град на Република Македонија.
Најголем број од нив беа членови на Нинџутсу Сојузот Буџинкан
Македонија, додека останатите учесници беа од клубовите од Србија, Црна
Гора и Грција.
Тешко е да се опише чуството да се биде домаќин на Свенерик. Уште потешко е да се опише радоста да се вежба со него.
Првиот ден, големиот мајстор го започна семинарот со објаснување на
темата Џиссен Гихо и движењето меѓу линијата на животот и смртта. Потоа
се случи нешто што досега не се случило на ниту еден друг семинар
досега. Преку најразлични техники, учителот почна да ги подучува
учесниците на сите витални точки (Кју Шо) на човековото тело,
почнувајќи од главата, па одејќи до прстите на стопалата, како и
влијанието врз човековиот организам доколку истите бидат нападнати со
удар или со притисок односно триење. Иако техниките беа многу болни,
никој не можеше да ја сокрие радоста од „ваквиот развој на настаните“.
Завршетокот на првиот ден, Свенерик го посвети на белите појаси и ја
подучуваше Саншин но Ката, но повторно на само негов својствен начин,
од кои и црните појаси ќе се почуствуваат како почетници.
Вториот ден, беше посветен на темата Хиден но Кенпо односно на начинот
на движење во борба и скриените движења при тоа. Се работеа техники со
нож, ханбо и бокен, а неколкупати шиханот демонстрираше употреба на
внатрешна енергија преку техника, при што, помладите учесници останаа
вчудоневидени и без здив.
По завршувањето на семинарот, шиханот Свенерик го изрази своето
задоволство од позитивната енергија и трудољубивоста на учесниците, а
особено ги пофали нашите девојки за кои рече дека имаат одлично движење
и разбирање на вештината.

Како претставник за Буџинкан Доџо во Македонија, организатор на
семинарот и главен инструктор за нинџутсу во нашиот Сојуз, ќе си
дозволам накратко да напишам нешто и од мое лично име.
Најпрвин сакам да се заблагодарам на сите мои ученици кои ми помогнаа
во организацијата на овој величествен настан. Благодарност и до нашите
пријатели од соседстсвото со кои три дена ги делевме нашите заеднички
вредности и желби.
И на крајот, огромна благодарност до учителот Свенерик Богсатер за сите
(животни) лекции на кои ме подучи додека шетавме низ скопските улици,
ресторани и кафулиња. Тоа искуство за мене е бесценето.

Таи Каи 2009 со Свенерик Богсатер

Posted on Categories Почетна

a542a5ca-977a-4327-af12-d2651b21a055.jpgБуџинкан Македонија / Нинџутсу школа Пат кон Сонцето со огромна радост и задоволство објавува:

Таи Каи 2009 Нинџутсу семинар во Македонија со еден од најдобрите нинџа мајстори на денешницата – Свенерик Богсатер.

Тема: Џиссен Гихо и Хиден но Кенпо

Нема
потреба многу да се зборува за еден од најдобрите нинџутсу мајстори во
светот. Сите што знаат што е тоа Буџинкан, знаат и за сенсеи Свенерик.

Ве
покануваме да земете учество и да научите нешто повеќе за една од
најстарите боречки вештини во Јапонија. Семинарот е отворен за сите без
разлика на нивото на знаење. Ова е шанса да дознаете нешто повеќе за
оваа вештина која била мистерија дури и за самите Јапонци.

Датум: 28-29 март, 2009 година

Распоред:

          Сабота                                                  Недела

10.00 до 13.00 тренинг                         10.00 до 13.00 тренинг

13.00 до 15.00 пауза за ручек              13.00 до 15.00 пауза за ручек

15.00 до 18.00 тренинг                         15.00 до 18.00 тренинг

Опрема: Ханбо, Бокен, Танто (само дрвени оружја се дозволени)

Цена: 50 евра семинарска такса до 15.02.2009, потоа 60 евра

Доколку имате прашања не се воздржувајте да не контактирате.

Одржан семинарот Буки Мамори Буки

Posted on Categories Почетна

46879d46-fd2c-4eaa-84b9-afe6db8e6a9a.jpgВременските услови и начинот на тренинг, направија семинарот Буки
Мамори Буки да помине во атмосфера на старите „олд скул“ нинџутсу
времиња.
Температура под нулата, студен ветер, а повремено и природни феномени
од типот врнежи од снег и зимска златна сончева светлина истовремено,
направија тренингот да биде посебен и сигурно запаметен за долго.
Иструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, го започна
семинарот така што ги запозна учесниците со историјата и начинот на
употреба на оружјата што беа предвидени да се изучуваат во текот на
денот.
Потоа, во детаљи беа објаснувани и проучувани техниките на одбрана од
оружје со оружје, и тоа, ханбо против танто, џо против катана, кусари
гама против катана и џуте против шиноби катана.
За време на шестчасовниот тренинг, учениците вежбаа само дванаесет
техники (по три од секоја комбинација на оружја). Тоа го правеа со
толку голема желба, со таква посветеност, што едноставно го тераа
инструкторот Довезенски да навлегува во детаљи и да им ги објаснува
техниките на повисоко ниво.
На крајот од семинарот, беа демонстрирани и две техники на хоџо џутсу (вештина на користење јаже за врзување).
Ова беше семинар што сигурно долго ќе се памети, како по начинот на
тренинг, така и по нивото на техниките, за кое, учесниците изјавија
дека било толку високо, што мозокот им бил оптоварен и преполн со
информации.

Семинар во природа - Буки Мамори Буки

Posted on Categories Почетна

На
15 февруари (недела), Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема Буки Мамори Буки (Одбрана од оружје со
оружје).

На семинарот ќе се обработуваат техники на одбрана од најразлични јапонски класични оружја кои биле дел од арсеналот на јапонските нинџи и самураи. Учесниците треба да  понесат
со себе бокен, ханбо, џо, кусари гама, џуте, шурикени, манрики кусари
(ланец со тегови), танто и јаже (се што имаат во домашниот арсенал).

Метални и остри оружја не се дозволени на семинарот.

Тема: Буки Мамори Буки
Ден: 15 февруари, 2009 година
Место: Орљак
Програма:

                   08.00 часот – поаѓање од Скопје

                   09.00 часот – пристигнување

                   10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел

                   17.00 враќање назад

Цена: 1.00 денари – во цената е вклучено: семинарска такса и превоз

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Учество на семинарот со мајсторот Кацем Зоугхари во Нови Сад

Posted on Categories Почетна

f363d8f5-27a2-459c-bede-ec50ab2a6b1c.jpgОсновачот
и главниот инструктор на Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија, Игор
Довезенски, учествуваше на меѓународниот нунџутсу семинар што се одржа
викендов во Нови Сад, Република Србија.

Семинарот
беше организиран од страна на нашите пријатели Срѓан Станковиќ и Срѓан
Црногорац, а на него учествуваа речиси 100 луѓе, со што слободно можеме
да кажеме дека ова е еден од поголемите нинџутсу семинари одржани
досега на балканските простори. Имаше учесници од сите српски нинџутсу
клубови, но и од Чешка, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна
Гора, Романија и Македонија.

Инаку,
семинарот беше предводен од страна на францускиот мајстор Кацем
Зоугхари, доктор по јапонска историја и култура, чија специјалност се
старите јапонски боречки вештини (корју). Тој веќе 19 години е личен
ученик на шиханот Тетсуџи Ишизука и соке Масааки Хатсуми.

Подучувањето
на Кацем изнудуваше воздишки кај приситните во текот на двата дена.
Техниките ги изведуваше беспрекорно, а неговата работа со катана беше
зачудувачки брза и ефикасна. За време на демонстрациите, мајсторот го
објаснуваше значењето на техниките, како и нивната историја. Се вежбаа
техники од школата Гјокко Рју Кошиџутсу. Прво секоја техника беше
изведена со голи раце (таиџутсу), а потоа и со ханбо (стап) и катана
(меч).

Во
саботата навечер, имаше организирано дружење во едно кафуле на
Петроварадинската тврдина, каде што беа поканети сите црни појаси кои
учествуваа на семинарот. До доцните часови, мајсторот Кацем љубезно
одговараше на поставуваните прашања во врска со историјата на нинџутсу
и на деветте школи на Буџинкан.

Во
една од сесиите, инструкторот Игор Довезенски вежбаше со романскиот
мајстор и пријател, Кристијан Лајбер, додека на останатите тренинзи
вежбаше со стариот пријател на Буџинкан Македонија-шиханот Филип Бартош
од Чешка. Беше убаво чуството да се видат и сите други пријатели на
едно место. 

Едноставно, семинарот може да се опише како незаборавен тренинг и дружење и одлична организација на домаќините.
Повеќе информации на паркетот во нашето доџо 🙂