Македонија го доби првиот шидоши!

Posted on Categories Почетна

21062011211600buyukai3.jpgВо периодот од 12
до 21 јуни, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, беше во
работна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествуваше на
најголемиот семинар во таа земја, наречен Бују Каи. За време на
настанот, тој го положи тестот за годан (5 дан), познат под името сакки
(убиствена намера). Со тоа, Игор Довезенски стана првиот Македонец што го
положил овој тест и што се здобил со титулата шидоши (едно од најголемите звања
во Буџинкан).

За тие што не знаат, тестот сакки се полага така што 21062011211536buyukai2.jpgкандидатот седнува во
сеиза (седечка положба), додека некој од главните инструктори (кој треба да има специјална дозвола од поглаварот Масааки Хатсуми) го напаѓа со дрвен меч во
глава од задгрб. Доколку кандидатот го почуствува нападот на време и се истркала
нанапред, а со тоа и го избегне ударот, тогаш тој станува шидоши. За да се
дојде до тоа, потребни се години и години напорен тренинг.

21062011211519buyukai1.jpgЗа да биде тежината уште поголема, Довезенски го положи тестот пред 20 шихани
од целиот свет, кои беа сведоци на настанот. Тоа го направи по барање на
мајсторот Штефен Фролих, еден од првите германски нинџутсу мајстори, кој и ја
доби специјалната дозвола од соке Хатсуми, да го изведе тестот над Довезенски.

Пред самиот семинар, кој траеше четири дена (16-19 јуни), водачот на Буџинкан
Македонија одржа десетина тренинзи за својот пријател Иван Иванов, негов
поранешен, а сегашен ученик на шиханот Фролих. Истовремено, тој одржа и тренинг
во доџо-то на шиханот Фролих со својот стар пријател Штефен Шулц, за кој
слободно можеме да речеме дека е еден од најдобрите нинџутсу практичари во цела
Германија.

За време на десетдневниот престој во земјата, 21062011211617buyukai4.jpgДовезенски имаше можност да учи и
вежба и со многу други шихани, меѓи кои: Холгер Кунцман, Шеила Хадад, Џусепе
Коста, Андре Фрост и др.
Интересен беше и тренингот со Тјон Кит Сиен, мајстор за Вуданг Кунг фу (Ву Шу),
кој несебично пренесе дел од своето знање.

Посебно беше емотивна средбата меѓу инструкторот Довезенски и шиханот Ед Мартин
(Папа сан) за време на еден од тренинзите во доџо-то на шиханот Фролих, а дружењето
меѓу нив продолжи и во следните неколку дена на семинарот во Катлинбург.

Има уште многу да
се пишува и раскажува за овој одличен настан, но место проширен текст, на
крајот сакаме да упатиме голема благодарност до организаторот на Бују Каи 2011, Штефен Фролих, за одличната организација како и за целата помош укажана
за Буџинкан Македонија.