Со најмалку пријавени
учесници за семинарот Преживување во природа® досега, успешно заврши овој
настан по кој Школото за класични јапонски боречки вештини Буџинкан Македонија
надалеку е познато. Од вкупно пет пријавени членови на доџо-то, оваа година преживеава
сите.
Овој пат, имавме среќа да ги избегнеме големите горештини кои се вообичајни за
овој период во годината во Македонија, но затоа се сретнавме со друга
неприлика. Имено, според кажувањата на постарите мештани кои што живеат во околината
на планината Липац, вчеравечер била најладната летна ноќ досега. Така, во
периодот од 02.00 часот до 06.00 наутро, температурата се спушти на само неколку
степени над нулата, а влажноста на воздухот беше толку голема, што вреќите за
спиење заедно со целата опрема беа целосно мокри. Во такви услови, ноќтта беше
навистина долга и тешка.
Во текот на саботата, покрај лекциите за изработка на засолниште, шидоши Игор
Довезенски ги подучуваше учениците на техники на борба со нож, како и техники
на голорака самоодбрана.
Неделата на изгрејсонце, како и секогаш беше резервирана за кенџутсу, а потоа за медитација покрај малиот водопад, што исто
така се изведува секоја година за време на преживувањето.
По ова, учесниците на семинарот се упатија кон „Стари лозја“, место кое имало
големо култно значење за локалните жители се до почетокот на 20 век. Потоа,
местото било препуштено на заборавот, а ритуалите сосема напуштени. Поради тоа,
членовите на Буџинкан Македонија уште за време на минатогодишното преживување
одлучија да го обноват ова култно место, а оваа година акцијата беше сосема
завршена. Со тоа, „Стари лозја“ повторно го доби камениот крст кој што беше
закопан длабоко во земја (и искршен поради забот на времето), а светиот даб
беше целосно исчистен од грмушките и трњата наоколу. Со акцијата повторно
покажавме дека членовите на Буџинкан Македонија не само што ги негуваат
јапонските традиционални боречки вештини, туку и се грижат за македонската
култура и традиција.