Третиот по ред Летен Нинџа Камп заврши како што само може да се очекува
кога на едно место ќе се соберат толку многу квалитетни и искрени ученици кои од година на година напредуваат на секое поле од животот.
Деветте дена поминаа во незаборавно дружење, тренинзите беа исцрпувачки, а
капацитетот беше исполнет уште во април односно за само две недели по објавувањето.
Вежбањето започнуваше во 08.00 со џунан таисо, а продолжуваше после доручекот
во 09.30 часот со Гјокко рју Кошиџутсу. Потоа следуваше џунан ундо тренинг и
атеми но танрен, по што воините на Буџинкан Македонија заминуваа на капење во
река со цел да ги опуштат мускулите и „залечат“ раните и модриците во свежата
вода.
Четвртиот тренинг беше посветен на Тогакуре рју Бикенџутсу што претставуваше
вистинско задоволство за сите ученици, додека во доцните вечерни часови се
изведуваа ноќни нинџа тренинзи или се гледаа стари јапонски самурајски филмови.
Храната како и секогаш беше подготвувана на стар македонски начин, со употреба
на воглавно свежи и еколошки продукти од сопствено производство, а менито беше
исполнето со локални специјалитети и вариетети.
Сите учесници си заминаа задоволни и среќни поради убаво поминатиот активен одмор,
а повеќето од нив веднаш се пријавија за следниот Летен Нинџа Камп 2012. Сите
тие уште еднаш се уверија дека кампот е еден од најдобрите начини за квалитетен
напредок и детаљно учење и проучување на катите и техниките на традиционалните
јапонски боречки школи.