„Само најсилните преживуваат“.
Под ова мото, воините на Буџинкан Македонија ќе имаат можност повторно да ја стават на тест својата физичка и ментална издржливост. Како и секоја година, така и оваа повторно ќе можеме да ги испробаме нашите способности и вештини на дело:
Преживување во природа®
Два пеколни дена, далеку од цивилизација, без храна и само литар ипол вода, без дополнителна облека и
хигиенски средства. Два дена вежбање, медитација и голо преживување.
Место: С’мкнено (26 км. до најблискиот град и болница / пустински услови)
Време: 30 и 31 јули, 2011 година
Поаѓање: сабота во 07.00
Враќање: само Господ знае
Прочитај убаво!!!
Пред семинарот, секој учесник во сопствена организација треба да си направи соодветни лекарски прегледи и да добие усмена или писмена потврда од својот лекар дека е психофизички здрав и целосно подготвен за дводневен екстремен напор без храна и вода, а проследен со тежок тренинг и тричасовен сон.
Секој учесник доброволно се пријавува на семинарот и сноси сопствена одговорност за евентуалните последици настанати по неговото здравје или живот!
Настанот е отворен за сите и на него можат да учествуваат сите граѓани на Р. Македонија со наполнети 18 години.
Дозволена опрема: вреќа за спиење,
шаторско крило, војничка униформа облечена на себе (панталони и кошула),
една маица, капа, еден пар гаќи (широки), еден пар чорапи, јаже, нож
и шише од литро ипол (празно).
Важно: забрането носење храна,
вода и останати работи кои не се наведени погоре. Пред поаѓање,
ќе има задолжителна проверка.
Најважно:
семинарот е предвиден само за цврсти момци и девојки. Условите за
тренинг ќе бидат исклучително тешки, а дисциплината ќе биде железна.
Тие кои не се чуствуваат психофизички спремни за да „влезат во пеколот“ и кои не се
подготвени да го убијат
сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат на семинарот. Дозволена
количина на вода за пиење за двата дена:
1.5 литри. Имајте во предвид дека температурата на воздухот може да се
искачи над
45 целзиусови. Забрането седнување на задник за време на семинарот (во
текот на двата дена) и потпирање на сите четири екстремитети истовремено. Само три часа спиење, останатото време тренинг.
п.с. Забрането жалење, изговори и плачење за време на семинарот.
Сакате да дознаете дали има живот после смртта? Дојдете на преживување и ќе добиете можност да ја одгатнете големата мистерија!