Упис на нови членови во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

24082011081755Upis_2011.jpgШколото за
класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија, во текот на месец
септември ќе врши упис на нови членови во своето доџо. Сите заинтересирани
треба да го најават своето присуство на и-мејл или на телефоните: 071 277 457
или 077 976 906.

Пред да се одлучите да станете наши ученици, Ве молиме да прочитате неколку
факти, но и да размислите дали Буџинкан Македонија е вистинското место за Вас.

Нашето доџо (школо) е основано во 1995 година од страна на шидоши (учител) Игор
Довезенски, единствениот признат инструктор кај нас од страна на меѓународната
организација Буџинкан Доџо и нејзиниот соке (поглавар) Масааки Хатсуми. Шидоши
Довезенски има полагано за годан (5 дан) пред 20 шихани (мајстори од највисок
ранг) и е првиот и единствениот Македонец во светот носител на ова високо
признание. Тој поседува менкјо (лиценца) која му дозволува да раководи со
единственото доџо за класични самурајски и нинџа вештини во Македонија.

Буџинкан Македонија е еден од најголемите и најдинамични Буџинкан клубови во
целиот свет. Ние се согласуваме дека квалитетот е поважен од квантитетот, но
сме убедени дека квалитетот неминовно носи квантитет. Полното доџо е само
потврда за големото знаење и напредок кое се стекнува кај нас.

Тренингот во нашето доџо е тежок, а Патот е исполнет со многу пот, солзи и
откажувања. Доколку сте подготвени да промените некои работи од Вашиот живот,
тогаш придружете се и бидете дел од нашето семејство – Буџинкан Македонија.

Дознај нешто
повеќе…(тука) и (тука)