На барање на родителите чии деца не се во можност да вежбаат во вторник и во четврток поради учество на други активности (англиски јазик, балет, музичко училиште), Буџинкан Македонија од октомври отвора уште една група „Нинџа Клинци II“, која што ќе работи во понеделник и среда од 18:00 до 19:00 часот.
Нинџа Клинците на Буџинкан Македонија - гости во националната Македонска Телевизија
Детската секција на Буџинкан Македонија односно Нинџа Клинци-те, вчера достоинствено го претставија нашето доџо за време на гостувањето во емисијата „Голем Одмор“ што секојдневно се прикажува на МТВ1.
Јапонските класични боречки вештини во Македонија се издигнуваат на академско ниво
Со тоа, студентите кои студираат на ИЕА, во рамките на предметите „Етнологија на Азија“ и „Етнологија на Јапонија“ задолжително ќе посетуваат настава при што за време на вежбите ќе ја изучуваат теоријата, но и техниките на вештините кои што се предаваат
Уписи во Буџинкан Македонија и почеток на второто полугодие
Одржан Интернационалниот Летен Корју Камп VII
Седмиот по ред Летен Нинџа Камп кој оваа година беше одржан под името Интернационален Корју Камп – успешно заврши. Преименувањето беше сосема оправдано ако се земе предвид дека покрај гостинот-предавач од Русија, Сергеј Бабкин, оваа година за прв пат имавме и учесник од Полска.
Летен Корју (Нинџа) Камп VII
Одржан семинарот „Живот во Дивината II“
После два дена живеење покрај река, слободно можеме да кажеме дека станавме „речни луѓе“. Барем таков впечаток добија учесниците на вториот семинар насловен како „Живот во Дивината“.
Живот во Дивината II
За минатогодишното незаборавно искуство, прочитајте тука —–> Живот во Дивината I
20 години Буџинкан Македонија (2 јули 1995 - 2 јули 2015)
Со голема караоке забава, завчера беше одбележан 20-годишниот јубилеј од основањето на Буџинкан Македонија. Настанот се одржа во скопската винаријата „Картал“, а на него присуствуваа над четиреесет членови на доџо-то.
Одржан меѓународниот Катори Шинто рју семинар под водство на Ерик Лоув
Во организација на Доџо-то за класични јапонски боречки вештини – Катори Шинто рју Македонија, кое е дел од Организацијата „Пат кон Сонцето“, викендов што измина се одржа семинар за Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу. Покрај учесниците од Македонија, специјално за овој настан допатуваа и кобудоки од Холандија и од Романија, со што семинарот се здоби со меѓународен карактер.
Предавач на семинарот беше нашиот учител за оваа најстара документирана јапонска боречка вештина, Ерик Лоув, кој дојде придружуван од тројца свои ученици од Амстердам. Во петокот, тие одржаа специјален тренинг за водачот на Катори Шинто рју Македонија, Игор Довезенски, кој, пак, имаше можност да вежба со сите нив подинечно. Следниот ден, на официјалниот дел од семинарот, се придружија и останатите учесници, меѓу кои и нашите пријатели од Романија, кои неодамна организираа семинар на кој Довезенски ги подучи на основите на ракување со јапонски меч.
За време на седумдневниот престој во Македонија, сенсеи Ерик, заедно со другите учесници, имаа можност да се запознат со културно-историските споменици, но и да уживаат во убавините на нашата прекрасна земја, која, како што тие велат, при секоја посета ги остава без здив.