Почеток на второто полугодие и уписи во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Веќе 21-ва година по ред Организацијата „Пат кон Сонцето“ ги отвора вратите на доџо-то за новите кандидати кои имаат желба да навлезат во светот на јапонските нинџи и самураи.

Иако Доџо-то за класични јапонски самурајски и нинџа вештини „Буџинкан Македонија“, врши уписи во текот на целата година, сепак месецот септември е најповолен момент за да отворите една нова страница од Вашата животна историја.


Ги известуваме сите заинтересирани дека првиот час за почетниците ќе се одржи на 1 септември, со почеток во 20:30 часот, додека напредната група продолжува со својата работа еден ден подоцна (во 20:00 часот). 
За тие што се уште не се запознаени со нашата работа, доџо-то е основано на 02 јули, 1995 година и засега е единственото во нашата држава признаено од страна на поглаварот на Буџинкан, соке Масааки Хатсуми.
Буџинкан Македонија важи за еден од најдинамичните клубови во Европа со многубројно и активно членство и со најмногу активности организирани во текот на целата година. 
Во рамките на доџо-то постојат повеќе секции за возрасни (од 13 до 113 години), но и за деца (од 5 до 12 години). 
Повеќе информации за нас можете да добиете на следниот линкhttp://hombu.koryu.mk/article/show/448
За инструкторот на Буџинкан Македонија http://hombu.koryu.mk/article/show/461
За термините и за локацијата http://hombu.koryu.mk/article/show/454
Ве молиме доколку имате прашања, не двоумете се да не контактирате преку daito_macedonia@yahoo.com или на 075 564 011.