Највеличенствениот, најголемиот и најдинамичниот од сите годишни настани во Организацијата „Пат кон Сонцето“ е на прагот. За само осум дена започнува осмото издание на нашиот надалеку прочуен „Летен Корју Камп“.
Темата на проучување и вежбање на овогодинешниот камп ќе биде традиционалната јапонска боречка вештината Такаги Јошин рју Џутаиџутсу, како и најстарата документирана самурајска школа Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу. Како и секогаш, инструкторот Игор Довезенски ќе се обиде колку што е можно повеќе да им пренесе на учесниците дел од своето 28-годишно искуство во полето на Корју Буџутсу.
За тие што не знаат, шидоши Игор Довезенски е човекот кој во 1995 година го отвори првото и се уште единствено доџо во Македонија за класични јапонски борбени вештини и со самото тоа буквално ги „донесе“ во нашата држава. Благодарение на него, илјадници наши сограѓани досега се запознале со боречките вештини кои некогаш биле практикувани и применувани од страна на легендарните јапонски самураи и нинџа воини.
Кампот ќе се одржи во периодот од 4-ти до 12-ти август, во хомбу доџо-то на организацијата „Пат кон Сонцето“, а сместено во долината под планината Липац.
Вообичајно август е единствениот месец кога членовите на Буџинкан Македонија се одмораат од напорните тренинзи, меѓутоа еден дел од нив секогаш дават приоритет на жестокиот тренинг дури и со уште позасилено темпо во овој летен период.
Освен силниот интензитет по кој нашиот летен камп е познат, мора да се спомене и одличното дружење и забава, па затоа ги повикуваме сите, без разлика на стилот или степенот во одредена боречка вештина, да земат учество и да се запознат со нашата работа одблизу.
Остануваат уште неколку дена за пријавување.
Повеќе информации тука: http://hombu.koryu.mk/article/show/656