Семинарот помина во одлична атмосфера проследена со тренинг и дружење
меѓу членовите на неколку нинџутсу клубови од Југоисточна Европа.
Оваа година присуствуваа околу 70 учесници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Македонија.
Како и секогаш, учителот Свенерик Богсатер покажа и докажа зошто е еден
од најдобрите нинџутсу мајстори во светот. Тој не само што подучува,
туку и инспирира и ги освежува идеите на своите следбеници.
Нашата екипа пристигна еден час пред започнувањето на семинарот,
преморена од 12 часовното возење од Скопје, што малку влијаеше врз
нашиот тренинг. Но за кратко време, љубовта кон вештината направи
заморот да се надмине и постепено почнавме да го засилуваме темпото.
Вечерта беше резервирана за дружење и концерт на ријечката рок група
Лет 3, што се одржа на отворено на ридот Омановац што се извисува над
Пакрац.
Вториот ден од семинарот помина во вежбање на техники и кати од деншото
на Тогакуре Рју, на голема радост на сите учесници. При тоа, шиханот
демонстрираше и подучуваше и техники со оружје, што предизвика посебен
интерес кај сите.
На паузата за ручек, инструкторот на Буџинкан Македонија, И. Довезенски
имаше средба со учителот Свенерик, на која што беше разговарано за
многу теми поврзани со нашата организација.
Покрај прекрасниот тренинг, семинарот беше искористен и за зацврстување
на пријателството меѓу балканските буџинкан клубови, што е многу важно
за успешно дејствување на Буџинкан Доџо во целина.
На крајот, големи пофалби за организаторот, нашиот верен пријател Марио
Тушек, а воедно, уште еднаш му честитаме за повисокиот ранг кој му беше
доделен лично од шиханот Свенерик Богсатер.
Категорија: Почетна
Категорија news
Нинпо Сеишин Каи Пакрац 2008
На покана од нашите пријатели од клубот Буџинкан Сешин Доџо Пакрац
(Република Хрватска) и инструкторот Марио Тушек, екипа од Нинџутсу
Сојузот Буџинкан Македонија ќе земе учество на семинарот со шиханот
Свенерик Богсатер.
Семинарот ќе се одржи викендов (28/29.06.2008) во убавото гратче
Пакрац, а ова е веќе четврт семинар со шиханот Свенерик Богсатер што се
организира во овој град (ние досега сме учествувале на сите).
Ги покануваме сите заинтересирани лица од Македонија, кои сакат да
присуствуваат на овој настан, да не контактираат преку нашиот е-маил.
Успешно одржан семинарот во природа Готон По
Топлото време и немилосрдното сонце не ги поколеба учесниците на
семинарот Готон По да го совладаат предвидениот материјал за оваа
интересна вештина.
Уште на самиот почеток, учителот на Буџинкан Македонија, И. Довезенски,
им наметна силно темпо на учесниците, така што на целта односно на
местото предвидено за тренинг, неколкумина од нив пристигнаа со мало
задоцнување. Покрај силниот марш зачинет со склекови, „мали и слатки“
проблеми предизвикуваше и дополнителната опрема спакувана во тешки
ранци кои секој мораше да ги носи на себе.
Тренигот се одвиваше беспрекорно, со два мали исклучоци, кога на двајца
ученици им се слоши поради жешкото сонце комбинирано со долго ползење
по високата и сува трева (и боцки). Сепак, по кратко време, тие
продолжија со тренингот.
Покрај многуте интересни моменти, би го издвоиле и оној, кога учителот
со поголема група ученици се искачија (без никаква планинарска опрема)
по стрмните Еленачки Карпи, при тоа, натоварени со целата „борбена
опрема“.
Се на се, многу интересни моменти и техники кои е тешко да се доловат и мораат да се доживеат.
п.с. Вечерва дополнување со колаж во „Семинари“ и во „Фото галерија“.
Готон По семинар во природа
Во недела, на 22 јуни, Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија ќе одржи
семинар во природа на тема: Готон По (користење на петте природни
елементи).
Готон По е составен дел од легендарната вештина на Тогакуре Рју
Нинџутсу, Интон Џутсу, односно вештина на сокривање, избегнување и
камуфлирање. Според тоа, учесниците на семинарот ќе имат можност да
научат како да ги користат природните елементи: вода, дрво, оган, земја
и метал, со цел да можат да се сокријат, камуфлираат и да ја избегнат
опасноста која им се заканува.
Ден: 22 јуни (2008)
Место: „Млака“ (ако врне), „Еленачки Карпи“ (ако е суво)
Програма: 08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.30 часот – теоретски и практичен дел
17.00 – враќање назад
Цена: 1.000 денари (во цената е вклучено: семинарска такса и превоз)
Успешно одржан семинарот Јуми Ја Џутсу
Уште една група од почетниците на Буџинкан Македонија се оспособи за ракување со лак и стрела.
Имено, на вчерашниот семинар на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на лак и
стрела), учесниците имаа можност да научат се за изработката,
историјата и употребата на ова старо оружје.
Меѓудругото, се вежбаа техники на гаѓање од неколку различни камае
(положби), но и понапредни техники, како што се: гаѓање од засолниште,
брзо гаѓање од засолниште и гаѓање во трк.
Еден час пред завршувањето на семинарот, небото над Липац се отвори и
почна да врне многу силен дожд, кој ниту еднаш не ги подвоуми учениците
да прекинат со тренингот. Напротив, сите мокри до гола кожа,
продолживме со изведување на техниките, како ништо да не се случува.
По завршувањето на семинарот, учесниците имаа можност да уживаат во прекрасниот селски ручек.
Семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу
На 15 јуни, 2008 година, Буџинкан Македонија го организира традиционалниот семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на користење лак и стрела).
Семинарот е од затворен тип, односно на него ќе можат да учествуваат само членовите на нашата организација.
Како и секоја година, така и оваа, учесниците ќе можат да научат како
се изработуваат овие древни орудија, како и кога се користат, односно
ќе се изврши комплетна основна обука за користење на лак и стрела.
Ден: 15 јуни (2008)
Место: „Млака“ (ако врне), „Еленачки Карпи“ (ако е суво)
Програма: 08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
17.00 ручек
17.30 враќање назад
Цена: 1.200 денари (во цената е вклучено: семинарска такса, превоз, лак и стрела и ручек)
Новости и најави
– 7 јуни (сабота) / Таихен Џутсу, тренинг во сала
– 15 јуни (недела) / Нинџа Јуми Ја (лак и стрела), семинар во природа
– 22 јуни (недела) / Готон По (техники на исчезнување и избегнување), семинар во природа
– 6 јули (недела) / Суи Рен (обука во вода), семинар во природа
****************************************************************
– 1 и 2 ноември (2008) Шиханот Штефен Фролих (15 дан) од Германија ќе
одржи семинар во Скопје. Како што вели тој самиот, „после убавите
зборови за квалитетната работа на Буџинкан Македонија од страна на Ед
Мартин Папа Сан и фалбите кои тој ги изрече за добрата организација на
неговиот семинар во Македонија, со задоволство доаѓам“.
* За сите семинари наскоро следуваат подетални информации.
Нинџутсу тренинг во „Дневниот центар за децата од улица“
Во рамките на нашите хуманитарни активности, помладите инструктори на
Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, одржаа нинџутсу
тренинг во „Дневниот центар за децата од улица“ што работи во рамките
на Министерството за труд и социјална политика.
Станува збор за центар, во кој се згрижуваат воглавно деца од ромската
заедница, а за кои се грижаат три прекрасни наставнички-социјални
работници, кои секојдневно ги подучуваат младите ромчиња како да
читаат, пишуваат и бројат.
Беше прекрасно да се види насмевката на нивните лица за време на
тренингот, во кој навистина уживаа, со оглед на тоа што за прв пат се
среќаваат со боречка вештина од областа на самозаштитата. Марко и
Марјан се потрудија на детски начин да им објаснат за важноста на
физичката активност и нејзиното влијание врз нивното здравје, но и
важноста да се почитуваат постарите, да се збогатува знаењето и сл.
На крајот, беше договорено во иднина да се одржат уште неколку тренинзи во „Дневниот центар за децата од улица“.
Меѓународниот нинџутсу семинар „Таи Каи Македонија 2008“ заврши успешно
Меѓународниот нинџутсу семинар Таи Каи Македонија 2008, што се одржа
викендов во организација на Буџинкан Македонија, заврши подобро од
колку што се очекуваше. На семинарот учество земаа 34 учесници од
четири држави, и тоа, Америка, Унгарија, Црна Гора и Македонија.
Големиот американски мајстор, шиханот Ед Мартин попознат како Папа Сан,
и овој пат, успешно ја заврши својата работа. Цели два дена учениците
уживаа во неговите техники и во неговиот посебен начин на предавање
(куден), преку различни приказни и легенди.
Папа Сан пристигна во Скопје во четвртокот и уште вечерта присуствуваше
на регуларниот тренинг. Како што самиот кажа подоцна, тој сакал да види
на какво ниво е работата во Нинџутсу Сојузот Буџинкан Македонија. После
половина час внимателно набљудување, Папа Сан се придружи на тренингот
и започна со предавање на техниките од Кихон Хаппо, но овој пат,
прилагодени за лица кои не се во можност да употребат физичка сила.
На крајот од тренингот, шиханот го изрази своето големо задоволство од
нашата работа и квалитетниот пристап кон предавање на вештината.
Потоа тренингот продолжи во домот на главниот инструктор за Македонија, И. Довезенски, до неколку часа после полноќ.
Навистина зачудува со колку голема љубов Папа Сан пристапува кон
нинџутсу. Во петокот, во текот на целиот ден, тој зборуваше, подучуваше
и покажуваше техники. На плоштадот во Скопје, како и секогаш, точно во
17.00 часот, Папа Сан ги изработи секојдневните Чи Кунг техники, при
што десетици заинтересирани лица се собраа и го гледаа стариот мајстор.
Семинарот во сабота започна со техники на одбрана од нож од различни
ситуации. Учениците навистина уживаа додека ги совладуваа техниките на
одбрана со ова опасно оружје. Се увежбуваа различни сценарија, како што
се, одбрана од еден или повеќе напаѓачи, ситуации со заложник, но и
одбрана од нож со нож. Вечерта, тренингот продолжи во клубот „Ла
Бруско“, каде што во интимна атмосфера со собраа поголем дел од
учесниците на семинарот, при што, со уживање ги слушаа раскажувањата на
стариот нинџа мајстор Ед Мартин.
Во текот на вториот ден, се вежбаа техники со ханбо (стап од 90 см), но
и техники на голорака одбрана при различни зафати, удари со раце и со
нозе.
Убавата атмосфера на семинарот е приказна за себе. Домаќините и гостите
постојано си помагаа во изведувањето на техниките, сите беа среќни и
одлично расположени.
За време на семинарот, инструкторот на Буџинкан Македонија, И.
Довезенски полагаше за 4 Дан, при што успешно положи. Повеќе за овој
настан можете да прочитате во „Списание“.
Тоа што најмногу не израдува, е фактот дека станавме толку силни и
посветени на вештината, што веќе сме способни и моќни да организираме
семинар со секој шихан што сакаме да не подучува.
Продолжуваме напред!
Tai Kai Macedonia 2008 / Таи Каи Македонија 2008
Bujinkan ninjutsu club Taiyou e no Michi (Pat kon Sonceto) announce:
Tai Kai ninjutsu seminar in Macedonia on theme:
Defence from knife and risky situations with the American ninjutsu grand master Edvard H. Martin known as Papa San(15th Dan).
Ed Martin Papa San sensei is one of the oldest students of Masaaki Hatsumi.
Although he is in his seventh decade he remains
active, and each year returns to Japan Hombu Dojo to practice with his
teacher. Because he is the oldest student in Bujinkan Dojo, soke
Hatsumi call him Papa San (father).
We invite you to take participation and learn more about one of the oldest art in Japan which was a mistery even for the Japanese.
The seminar is open for everyone regardless on what level is your knowledge.
This is maybe the only chance to meet, and to learn from the man whose high potential and energy has motivated number of practitioners of martial arts from all around the world.
Be part of the history of Bujinkan Dojo.
Date: 17 – 18 May, 2008 year
Timetable:
Saturday Sunday
10.00 – 13.00 training 10.00 – 13.00 training
13.00 – 15.00 break 13.00 – 15.00 break
15.00 – 18.00 training 15.00 – 18.00 training
Place: Dojo Taiyou e no Michi – Skopje – Macedonia
Equipment: Hanbo, Boken, Tanto (only wooden are allowed)
Seminar tax: 50 euros until 01.05.2008
60 euros after 01.05.2008
Informations: daito_macedonia@yahoo.com
Papa San web page: http://www.pennsylvaniabujinkan.com/
Papa san biography: http://www.pennsylvaniabujinkan.com/Ed/Sensi.htm
**********************************************************
Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето ви најавува:
Таи Каи нинџутсу семинар во Македонија на тема:
Одбрана од нож и ризични ситуации со големиот американски нинџутсу мајстор Едвард Х. Мартин попознат како Папа Сан (15 Дан).
Ед Мартин Папа Сан сенсеи е еден од најстарите ученици на
соке Масааки Хатсуми. Иако навлезен во 70-тите години од својот животен
век, тој се уште е активен вежбач и секоја година редовно го посетува
Хонбу Доџо-то во Јапонија со цел да учи и тренира со својот учител.
Бидејќи тој е најстариот член на Буџинкан Доџо, соке Хатсуми од милост
му се обраќа со Папа Сан (татко).
Ги покануваме сите заљубеници во боречките вештини да
присуствуваат на овој несекојдневен настан и да научат повеќе за една
од најстарите вештини на Јапонија. Семинарот е отворен за сите-без
разлика на нивото на знаење, или, пак, на стилот. Ова е можност сите да
научиме малку повеќе за вештината која со векови била мистерија дури и
за самите Јапонци.
Ова е можеби последна шанса за сите нас, да се запознаеме и да
учиме од човекот чија што огромна енергија е инспирација за многу млади
практичари на боречките вештини од целиот свет.
Не пропуштајте да бидете дел од историјата на Буџинкан Доџо.
Време: 17 и 18 мај, 2008 год.
Распоред:
Сабота Недела
10.00 до 13.00 тренинг 10.00 до 13.00 тренинг
13.00 до 15.00 пауза за ручек 13.00 до 15.00 пауза за ручек
15.00 до 18.00 тренинг 15.00 до 18.00 тренинг
Место: доџо Пат кон Сонцето – Скопје – Македонија
Опрема: Ханбо, Бокен, Танто (само дрвени оружја се дозволени)
Цена: 50 евра семинарска такса до 01.05.2008, потоа 60 евра
Информации: daito_macedonia@yahoo.com
Веб страницата на Папа Сан: http://www.pennsylvaniabujinkan.com/