Боџутсу семинар во природа

Posted on Categories Почетна

Во недела, Школото за класични борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија, организира семинар во природа на тема Боџутсу (вештина на борење со стап).

Станува збор за вештина која се изучувала во речиси сите класични школи и која отсекогаш била обврзна за изучување од страна на јапонските буши (воини).

На семинарот ќе се вежбаат положбите на телото како и ударите и блоковите со рокушако бо (стап долг околу 180 см.). Вежбањето на отворен простор, овозможува техниките и катите да се почуствуваат на начин како во времето на сенгоку џидаи (граѓанските војни во Јапонија) кога битките се воделе на бојните полиња.

Ден: 25.04.2010 (недела)

Место: Брестов Дол

Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
16.30 враќање назад

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.