Одличен семинар со сенсеи Свенерик Богсатер

Posted on Categories Почетна

19042010031509sveneric.jpgСо многу смеа и позитивна енергија, во духот на Роккон Шоџо, овој
викенд се вежбаше во нашето доџо под водство на големиот нинџутсу
мајстор Свенерик Богсатер. Во неговата изведба и подучување уживаа 40
учесници од Србија (Белград, Нови Сад и Ниш), Црна Гора (Будва) и
Македонија (Скопје и Кавадарци).

Првиот ден, тренингот започна со
Тачи (боев меч), а потоа се премина кон вежбање на техники од Таиџутсу.
Беше импресивна неговата изведба на техниките од Кихон Хаппо кои успеа
да ги поврзе сите осум во една единствена ката. Потоа следеа техники со
кунаи, старојапонско оружје, кое кога се наоѓа во рацете на Свенерик
делува како да е продолжение на неговата дланка.

Вториот ден се
вежбаа техники кои одсекогаш биле омилени во нашето доџо. Одбрана од
нож. И тука, учесниците на семинарот имаа можност да се уверат во
квалитетот на сенсеи Свенерик.
Потоа преминавме на техники со ханбо, во кои исто така подеднакво уживавме.
Уште еднаш им се заблагодаруваме за учеството на нашите пријатели кои дојдоа од своите земји да учат заедно со нас.
Голема
благодарност за учениците на Буџинкан Македонија за подршката и помошта
при организирањето на овој семинар. Како и секогаш, бевте неверојатни
во секој поглед.
На крајот, благодарност до сенсеи Свенерик, за
честа и довербата што ни ја даде и што повторно го сподели со нас
своето знаење и искуство, а најмногу за усното предавање (куден) кое
нема никогаш да го заборавам, особено во моментите додека седевме на
падините на планината Водно во дворот на манастирот Свети Пантелејмон.

Поздрав до следниот семинар.