На 09.05.2010 година (недела), Школото за класични борбени вештини Пат кон Сонцето /
Буџинкан Македонија, организира семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу
(вештина на гаѓање со лак и стрела).
Оваа вештина била задолжителна за изучување од страна на јапонските буши (воини) и била една од најважните се до појавата на огненото оружје (Тетупо). Употребата на лакот и стрелата останала популарна и по 17 век, но сега повеќе за духовно надградување на самураите. Од друга страна, кај шиноби воините, ова оружје и понатаму ја задржало практичната примена поради едноставната изработка и тишината при неговото користење.
На семинарот
ќе се научат начините на изработка на лак и стрела, како и положбите на телото при гаѓање. Освен тоа, учениците ќе имаат можност да научат каква стратегијата треба да се употреби во различни ситуации.
На овој семинар ќе биде подучувана и една нова положба (камае) за гаѓање, но и гаѓање со самострел.
Ден: 09.05.2010 (недела)
Место: Смкнено
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел
16.30 враќање назад
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.