Maкедонија е позната по
пеколните летни температури предизвикани од таканаречените „африкански
бранови“. Најтопло е во последните денови од јули, кога температурата се
искачува и над 45 целзиусови, а индексот на сончевото зрачење е на максималното
ниво. Ова е идеално време за воините на Буџинкан Македонија да ја испробат својата физичка и ментална издржливост.
Ова го правиме секоја година, а привилегија да бидат дел од овој настан имаат
само мал дел членови од нашето доџо.
За храбрите, за одважните…Два пеколни дена, далеку од цивилизација, без храна и само литар ипол вода, без
дополнителна облека и хигиенски средства. Два дена вежбање, медитација и голо преживување.
Место: С’мкнено (26 км. до најблискиот град и болница / пустински услови)
Време: 28 и 29 јули, 2012 година
Поаѓање: сабота во 07.00
Враќање: само Господ знае
Прочитај убаво!!!
Пред семинарот, секој учесник во сопствена организација треба да си направи соодветни
лекарски прегледи и да добие усмена или писмена потврда од лекар дека е психофизички
здрав и целосно подготвен за дводневен екстремен напор (под врелото летно сонце), без храна и вода, а проследен
со тежок тренинг и тричасовен сон.
Секој учесник доброволно се пријавува на семинарот и сноси сопствена одговорност
за евентуалните последици настанати по неговото здравје или живот!
Настанот е отворен за сите и на него можат да учествуваат сите граѓани на Р. Македонија
со наполнети 18 години.
Дозволена опрема: вреќа за спиење, шаторско крило, војничка униформа (панталони
и кошула), една маица, капа, еден пар гаќи (широки), еден пар чорапи, јаже, нож
и шише од литро ипол (празно).
Важно: забрането носење храна, вода и останати работи кои не се наведени погоре.
Пред поаѓање, ќе има задолжителна проверка.
Најважно: семинарот е предвиден само за цврсти момци и девојки. Условите за тренинг
ќе бидат исклучително тешки, а дисциплината ќе биде железна. Тие кои не се чуствуваат
психофизички спремни за да „влезат во пеколот“ и кои не се подготвени да го убијат
сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат на семинарот. Дозволена количина
на вода за пиење за двата дена: 1.5 литри. Имајте во предвид дека температурата
на воздухот може да се искачи над 45 целзиусови. Забрането седнување на задник за
време на семинарот (во текот на двата дена) и потпирање на сите четири екстремитети
истовремено. Само три часа спиење, останатото време тренинг.
Забрането жалење, изговори и плачење за време на семинарот.
п.с.
Преживувањето во природа воопшто не изгледа забавно како сериите на
сателитските канали. Нема камери, нема екипа која што стои позади Вас, нема
лекари и нема хеликоптери и удобни хотели после снимањето. Реалноста на
преживувањето е сосема различна од фенси сериите на ТВ.
Во петокот, во доџо-то на Буџинкан Македонија во Скопје се одржа полагање за ученички (кју) степени.
Топлотниот бран што ја зафати нашата земја и температурите над 34 целзиусови во сенка, не ги поколеба воините на Пат кон Сонцето да дадат се од себе за време на дводневниот семинар за Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда ден).
„јокомен учи“. За саботната вечера, како и секоја година, беше подготвено гравче со суви ребра во котле, на традиционален македонски начин. Се спиеше во вреќи под ѕвездите на Липац поточно на врвот на ридот Еленац. Будењето на изгрејсонце беше неверојатно, а златната рефлексија од сонцето, на реката во долината и даваше магична привлечност.
Шидоши хо Марјан Прошев и шидоши хо Марко Опачиќ, во неделата одржаа семинар во секцијата на Буџинкан Македонија во Градско.
кон Сонцето, освен
Семинарот посветен на вештината на борба со копје (соџутсу) покажа и докажа дека редовниот тренинг и посветеноста носат големи резултати. Евидентен беше напредокот кај членовите кои секоја година го посетуваат овој семинар, а нивната техника на ракување со копје станува се подобра.
Буџинкан Македонија ги изучуваат тајните на борба со копје (јари), стана традиционален.
Пет дена неверојатно дружење со Марио Де Мол. Пет дена исполнети со тренинзи, другарство и смеење. Пет дена прошетки по планини, извори, цркви, манастири и национални ресторани. Пет дена кои засекогаш ќе бидат запаметени.
под водство на помладите инструктори Марко Опачиќ и Марјан Прошев, се одржа полагање за ученички степени. За десети (џуккју) степен положија учениците Игор К. и Марко П.
На 21/22 април, 2012 година, Буџинкан Македонија организира меѓународен семинар со Марио Де Мол од Белгија – 6 дан (највисоко звање досега во организацијата Џиненкан).