Шидоши Игор Довезенски, вчера одржа семинар на тема Наге Ваза (Техники на фрлање на противникот).
Ги пренесуваме импресиите на шидоши хо Марко Опачиќ, објавени веднаш по настанот на клупскиот Форум:
-„Му благодарам на сенсеи што одржа еден одличен семинар и несебично го
подели своето знаење. Тој успеа да ги
задоволи сите вкусови на учесниците, кои очигледно уживаа во текот на
сите четири часа. Темпото не спадна, а желбата за вежбање беше огромна кај сите, од
шошинша, до семпаи.
Семинарот заврши безбедно, што е најбитно, а
падовите се усовршија уште повеќе. Имаше речиси се што може да се најде
во Наге Ваза : сутеми, отоши, каитен и сето тоа „скоцкано“ во неколку часа кои поминаа многу брзо.
Почетниците кои
присуствуваа имаа можност да видат како треба да се вежба на вистински
начин и да видат до каде се со нивното знаење. Сметам дека ова беше добра мотивација за
нив да продолжат и понатаму со напорна работа.“