Под водство на шидоши Игор Довезенски, викендов во Скопје се одржа семинар со наслов: Таи Сабаки и Каеши Ваза.
За време на семинарот, учесниците имаа можност во најситни детаљи да ги усовршат движењата кои се користат во школите на Буџинкан, но и во другите јапонски традиционални вештини кои инструкторот Довезенски ги изучува.
Со овој настан ја отворивме богатата сезона на семинари, интензивни тренинзи и Работилници, кои планираме да ги одржиме во текот на годината.