Двајца нови Јуданши (Шодан-и) во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Буџинкан Македонија од вчера има двајца нови мајстори односно Јуданши (носители на мајсторско звање).
После речиси десетгодишно вежбање и усовршување во нашето доџо, со Шодан (прв Дан) заслужено се закитија семпаи Владимир Антовски и семпаи Михаил Дракалски.

За време на полагањето, тие успешно ги демонстрираа потребните техники и вештини кои се неопходни за стекнување на „црн појас“, со што влегоа во групата на ретките луѓе кои достигнале мајсторско звање добиено од учителот Игор Довезенски.

На настанот што се одржа во Хомбу Доџо-то на Организацијата „Пат кон Сонцето“ беа присутни соборците, но и пријателите и роднините на Антовски и Дракалски.
Им посакуваме успех во понатамошното изучување и усовршување на јапонските тредиционални боречки вештини и желба што подолго да останат на Патот.

Буџутсу - талкање меѓу митот и реалноста

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџо-то на Буџинкан Македонија во неделата се одржа семинарот со наслов: „Буџутсу – талкање меѓу митот и реалноста“.

За време на настанот, учителот Игор Довезенски преку предавање, а потоа и рандори (слободна борба) ги соочи своите ученици со вистината околу реалната борба со оружје.

Сите учесници беа крајно задоволни од семинарот и побараа овој настан да влезе како редовен во годишната програма за семинари, оценувајќи го како „премногу корисен“ за нивниот напредок.

Да не должиме многу, ќе споменеме уште дека претходниот ден (сабота), Воините на Буџинкан Македонија организираа еколошка акција за чистење на коритото на реката Живуша која тече пред дворот на нашето Хомбу Доџо. При тоа беа собрани повеќе од 60 вреќи ѓубре, кое потоа беше соодветно отстрането.

 

Одржан ЈумиЈа семинарот

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија, вчера се одржа уште еден семинар посветен на техниките на гаѓање со лак и стрела.

Настанот познат под името ЈумиЈа Џутсу е еден од најдолгите по продолжителност односно тој се одржува уште пред основањето на доџото во 1995 година.

За време на семинарот, учителот Игор Довезенски ги подучуваше своите ученици како да гаѓаат со самоделен лак, кој бил користен од страна на Шиноби воините и бил познат под името Маруки Јуми, како и со Ханкју – краток лак направен од бамбус.

Се изучуваа разни техники на гаѓање од разни положби и позиции, а некои од учесниците веќе почнаа да покажуваат задоволителни резултати.

Следниот семинар во природа ќе биде на тема: „Буџутсу – талкање помеѓу митот и реалноста“. Се гледаме!

Силата на Јари - одржано јубилејното издание

Posted on Categories Почетна

Десетото по ред издание на традиционалниот семинар посветен на борбата со копје (СоЏутсу), се одржа во неделата на полјаната во близина на шумата Млака во долината под планината Липац.

Како и секоја година, нема доволно зборови за да се опише овој настан кој посветените членови на Буџинкан Македонија со нетрпение го чекаат цела година.

Покрај редовните и докажаните, го истакнуваме учеството на најмалиот учесник Петар Довезенски, кој иако има само осум години, го издржи целиот семинар не застанувајќи ниту еднаш под налетите на копјата на постарите Воини на доџото.

На крајот уште да му честитаме на семпаи Таки Гаковски, кому од страна на учителот Игор Довезенски му беше доделено Деншо во кое се впишани сите техники со Јари.

Уште еден ШурикенЏутсу семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Две недели по последниот Тогакуре рју, во саботата се одржа уште еден семинар посветен на вештината на гаѓање со Шурикени.

Овој пат, учесниците имаа можност да вежбаат техники од друга Нинџутсу школа, а гаѓањето се изведуваше со Сенбан и со Ига Хира Шурикени.

Прекрасно исполнетиот ден, заврши со дозвола и слободно време наменето за гаѓање од различни типови Шурикени кои се наоѓаат на ѕидот на Хомбу Доџо-то, како најава за следниот Шурикен семинар.

Тогакуре рју ШурикенЏутсу

Posted on Categories Почетна

Неделниот Тогакуре рју Шурикенџутсу семинар не освежи во секој поглед и ни отвори надеж дека пред нас е уште една година исполнета со неверојатни тренинзи и духовни воински патувања.

Наместо регуларен извештај, ќе пренесеме дел од чувствата искажани од шидоши хо Марко Опачиќ на нашиот интерен Форум.

„Издржавме цели четири месеци чекајќи го март за да повторно ја почуствуваме магијата која во себе ја носи тренингот во Хомбу Доџо-то. Овој месец почнавме ’нинџарски’ уште од самиот старт, а ќе продолжиме самурајски веќе од следниот викенд.

Беше преубав сончев мирен селски ден, кога Сенсеи не нареди во линија и го отвори тренингот за ШурикенЏутсу од школата Тогакуре рју. Речиси никој претходно не беше убаво запознаен со начините на фрлање од оваа школа, а Сенсеи едноставно ни докажа дека треба многу години тренинг за да се совладаат овие егзотични вештини. Во неговите раце, Бо-шурикените изгледаа како да се дел од неговото тело и сосема природно се забодуваа во метата, чиниш се испалени од некаква направа, а не од човечка рака. Бевме воодушевени гледајќи го, па се обидовме и ние, но безуспешно, барем на самиот почетокот. Но како што се нижеа часовите, некои Монџини успеаа да покажат добри резултати (како за прв пат). По четири саати тренинг со Бо-шурикени, почнавме обука со Сенбан. Многу брзи, прецизни и елегантни ’нинџа движења’ збогатени со усните преданија со кои не почести Сенсеи.

Имаше прекрасни учесници на овој семинар кои неуморно се трудеа да научат, а особена почит искажувам кон Елеонора, која на влезот од осмиот месец од бременоста го издржа целиот тренинг, заедно со останатите поискусни Воини на Буџинкан Македонија.
На крајот, Сенсеи ги закачи табличките на кои беа испишани имињата на Саше и на Ксенија на ’Нафуда Каке-то’ во Хомбуто. Се поклонивме на нивните таблички, споделивме насмевки и среќа помеѓу себе и ги споменавме имињата на следните Монџини кои се на ред да се најдат на ’таблата на честа’. Непроценлив ден поминат во неверојатна атмосфера, наместо во некое скопско кафуле или пред телефон. Пат кон Сонцето, Школо за Воини и Воинки!“

 

Одржан „Санто Тонко но Ката“ од Токагуре рју Нинџутсу

Posted on Categories Почетна

Во саботата во дворот на Хомбу Доџото на Организацијата „Пат кон Сонцето“, учителот Игор Довезенски одржа семинар на тема Санто Тонсо но Ката. На настанот учествуваа петорица ученици на Буџинкан Македонија кои се обидоа да проникнат во тајните на школата Тогакуре рју Нинџутсу.

Бидејќи станува збор за комплексна вештина, Довезенски се обиде само малку да загребе по површината на техниките, без при тоа да навлегува во најситните детаљи, како што вообичајно прави при предавањата на семинарите.

На крајот од настанот, сите присутни едногласно изјавија дека оваа школа треба почесто да се вежба во Хомбу Доџото, од причина што единствен начин за тоа е во природа односно на место каде што има доволно простор и време.

Одржана 10-тата „Работилница за Самоодбрана за Жени“

Posted on Categories Почетна

Десетата по ред „Работилница за Самоодбрана за Жени“ успеа да собере 26 припаднички на поубавиот пол на едно место и да им овозможи дводневно патување во светот на јапонските класични боречки вештини.
"

Единаесета година по ред, доџото Буџинкан Македонија го организираше овој настан, а оваа година за прв пат под водство на семпаи Сања Симонова, која заедно со учителот Игор Довезенски предаваа техники за самоодбрана од најразлични ситуации.
На семинарот, учесничките имаа можност да научат како да се одбранат од напади со удар, од приклештување на ѕид, од клоцање, како и од ситуации кога би биле соборени на земја.
Како подршка на Симонова и на Довезенски, постојано беа присутни и постарите ученици на доџото – Владимир Антовски, Михаил Дракалски и Филип Трајановски.

Освен прекрасното дружење и неверојатната атмосфера, сите припаднички на поубавиот пол за време на целиот настан не ја симнаа насмевката од своите лица, а за нас токму тоа претставува најголема потврда за успешноста на Работилницата.

До следната година.

Радио МОФ со прилог за претстојната „Работилница за Самоодбрана за Жени“

Posted on Categories Почетна

Големото внимание предизвикано во јавноста поради претстојната „Работилница за Самоодбрана за Жени“, беше причина овие денови да бидеме „бомбардирани“ со покани за гостувања на многу македонски пишани и електронски медиуми.

Така, вчеравечер, бевме посетени од страна на Радио МОФ кои во текот на денов го објавија следниот прилог на нивниот веб-портал.

Да напомнеме само дека за време на вчерашниот тренинг, инструкторот Игор Довезенски предаваше техники од Аикиџуџутсу и од Нинџутсу, додека семпаи Сања Симонова демонстрираше техники на самоодбрана кои ќе се вежбат на Работилницата.

Бунинкан Македонија на ТВ24

Posted on Categories Почетна

По повод „Работилницата за Самоодбрана за Жени“, што ќе се одржи викендов, а секако во организација на Буџинкан Македонија, нашите членови семпаи Сања Симонова, кохаи Косара Довезенска и Стефани Маневска беа гости во утринската програма „Македонија Денес“ што се емитува на ТВ24.