Вчера излезе од печат првата Буџинкан Манга (јапонски стрип) на планетата Земја, дело на единствените автори на овој жанр во Македонија, учителот Игор Довезенски (автор) и неговиот ученик Таки Гаковски (илустратор). Преку мангата со наслов „Такаматсу во Кина – Борбата со Чо Ширју“, тие ве водат на едно необично патување низ светот на последниот јапонски оперативен Нинџа – Тошитсугу Такаматсу.
Базирана на вистински настан раскажан од страна на учителот Масааки Хатсуми, авторот Довезенски потроши две години истражувајќи ги деталите околу приказната што се одвивала пред повеќе од сто години. Како резултат на тоа, македонската јавност ќе има можност да ужива читајќи за авантурите на нинџата Тошитсугу Такаматсу.
Колку за Ваша информација, уште пред да отпочне печатењето на овој стрип, неколку инвеститори и издавачки куќи од странство се јавија за да ги откупат издавачките права со барање тој воопшто да не се печати на македонски јазик поради неисплатливост. Воден од патриотизмот и љубовта кон својата земја, Довезенски ги одби понудите поради намерата стрипот најпрвин да биде издаден и понуден на читателите во неговата МАКЕДОНИЈА.
Истовремено беше склучен договор со издавачко-дистрибутерска куќа од Њу Јорк за превод, дистрибуирање и продажба на мангата на американскиот пазар, со што авторот Довезенски и илустраторот Гаковски се првите уметници кои излегле со своето дело надвор од границите на Македонија и тоа директно на пазарот во САД.
Со нарачка на овој стрип, Вие ги поддржувате авторите во неверојатната борба да ја издигнат мртвата стрип култура во Македонија, а истовремено да ја претставуваат нашата земја надвор од границите (секако, под уставното име).
Нарачки на телефонот 071 358 226.