Jubilee celebration

Posted on Categories Uncategorized

13072010005008Proslava-1.jpgTo honor the occasion of 15 years since the founding of the school for classical Japanese martial arts Taiyou e no Michi / Bujinkan Macedonia, yesterday in the halls of our dojo we had a celebration which was attended by our present, as well as our former organization members.

It was wonderful to see how the students are connected  with each other and see true friendship among them. The atmosphere was great, thanks to the band made solely of dojo members.
Bujinkan Macedonia continues with it’s work. Our basic goal is still the study of Japanese martial arts, as a way to improve an individual, advance his morals, build up honest, righteous and hard-working human beings, who are ready at all times, to make themselves available for the advancement of our society and state. Improving our dedication, patience and faithfulness – all that which can make us better in the future.
13072010005020Proslava2.jpg

In the end, we would like to thank our students which are brave enough to walk the Path. Especially big gratitude to our member Alexander V., a man who after years of being a great friend, can still surprise with his friendship. He is a great example to our younger students regarding how friendship is supposed to be made.

We’re going onward. No loose ends left.

Забава по повод 15 години Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

03072010082924logo.jpgНа 2 јули, 1995 година, со работа започна Школото за класични борбени вештини Буџинкан Македонија (Пат кон Сонцето). Тоа беше основано од страна на Игор Довезенски, човекот коj за прв пат во Македонија ги „донесе“ класичните јапонски самурајски и нинџа вештини. Од тогаш, па до денес, нашето доџо е единствен претставник на организацијата Буџинкан Доџо на соке Масааки Хатсуми.
Од неодамна, станавме представници и на организацијата Даито рју Аикибудо Даито Каи, во која што се проучуваат класичните борбени вештини Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу.

Во оваа прилика, нема да пишуваме за нашите успеси, туку ќе ја искористиме за да ги поканиме сите наши членови, сегашни и поранешни, сите наши пријатели кои ја следат нашата работа, сите кои што некогаш биле дел од нас и кои уживале во нашите тренинзи, да дојдат на забавата што ќе се одржи на 12 јули, во нашето доџо. 

Прославата ќе започне во 20.30 и ќе трае до 22.30 часот. Коктелот ќе биде организиран од страна на реномираната кетеринг служба „Ла Бруско“, чии клиенти се најпознатите македонски претпријатија и представништва. За атмосферата ќе се погрижат музичари кои истовремено се и членови на нашето доџо.

Со цел подобро да го организираме настанот, Ве молиме да се најавите преку нашиот и-мејл или на некој од нашите телефонски броеви. 

A party celebrating the 15 years of Bujinkan Macedonia

Posted on Categories Uncategorized

03072010082924logo.jpg
On the 2nd of July, 1995, the school for classical martial arts Bujinkan Macedonia (Taiyou e no Michi), started it’s work. It was founded by Igor Dovezenski, the man who „brought“ the classical Japanese martial samurai and ninja arts for the first time in Macedonia. Since then, our school is the only representative of soke Masaaki Hatsumi’s Bujinkan Dojo. Recently, we’ve became a representative of Daito Ryu Aikibudo Daito Kai as well, an organization in which are studied Daito Ryu Aikijujutsu and Ono ha Itto ryu Kenjutsu, both classical martial arts.

In this occasion, we will not write about our achievements – instead, we invite all our members, current and former, all our friends who follow our work, everyone who has ever been a part of us and enjoyed our training, to come to the party which will take place in our dojo on the 12th of July.

The celebration will start at 20.30 and last until 22.30. The cocktail will be organized by the well-known catering service „La Brusco“, who has clients in the most famous Macedonian companies. Responsible for the atmosphere are going to be musicians who are also members of our dojo.

In order to better organize this event, please do announce yourself through e-mail or one of our phone numbers.

Нови кју степени во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

На вчерашното полагање кое се одржа во Школото за класични борбени вештини Буџинкан Македонија, беа промовирани нови ученички степени.
За девети кју положија: Искра Б., Косара П., Татјана О., Ана С., Владимир А. и Драган А.
Со седми кју се „закитија“: Тина Д., Катерина Д. и Антон П., додека за пети кју положи Мирон Ц.
На сите од се срце им честитаме и се надеваме дека уште поодлучно ќе продолжат да чекорат по Патот.

New kyu degrees in Bujinkan Macedonia

Posted on Categories Uncategorized

On yesterday’s degree testing, which was held in the school for classical martial arts Bujinkan Macedonia, new student degrees were promoted. For ninth kyu, the test was successfully passed by Iskra B., Kosara P., Tatjana O., Vladimir A. and Dragan A. The seventh kyu test was passed by Tina D., Katerina D. and Anton P., while the fifth kyu test was passed by Miron C.

To all these, we congratulate with all our hearts and hope that they will continue on the Path with even more determination.

Одржан семинарот Кенџутсу под звездите на Липац

Posted on Categories Почетна

21062010020854ono4.jpgКаков семинар, каков тренинг, каква атмосфера. Со еден збор одлично. Два дена, пет тренинзи, по два часа, вкупно 10 часа нурнување во чудесниот свет на Оно ха Итто рју Кенџутсу, во услови на наизменични промени на сонце и дожд, проследени со молњи и грмотевици.
За време на семинарот се работеа основните ставови, сечења, отварања на противничкиот став и блокови од оваа прекрасна школа за мечување.21062010020809Ono1.jpg

Во саботата се одржаа три тренинзи, а останатото време го искористивме за средување на просторот за вежбање и спиење. Тоа беше една стара напуштена куќа од 18 век, целата зарасната во вегетација, која ни послужи како одлично скривалиште од дождот и грмотевиците што постојано се слушаа во текот на деноноќието. Вечерта, во прекрасна атмосфера, сите собрани околу огинот, се дружевме вртејќи (и јадејќи) колбаси и печурки на жар. Потоа, собрани како сардини и пикнати во вреќите за спиење, сите исполегнавме во единствената колку-толку здрава соба во куќата трудејќи се да ги избегнеме капките дожд што постојано паѓаа од таванот.

21062010020825ono2.jpgВо неделата првиот тренинг се одржа веднаш по изгрејсонце. За тоа време во жарот на огинот се препелкаа млади компирчиња што послужија како вкусен доручек.
По ова, се упативме на другата страна на планината вежбајќи при тоа Сеишин Теки Кјојо (прашајте ги учесниците за начинот). На една убава ливада, го одржавме последниот тренинг, по што повторно поработевме на нашето духовно усовршување преку куден (усна трансмисија).21062010020908ono5.jpg
На крајот, сите ученици кои учествуваа на семинарот го изразија своето огромно задоволство од истиот. Иако тренингот беше навистина напорен, сепак желбата да се проучува оваа стара јапонска школа за мечување, им помогна на учесниците да ги надминат сите потешкотии.
21062010020838ono3.jpgОно ха Итто рју се одликува со чисти, брзи, моќни и едноставни движења и токму тоа ја прави да биде толку ефикасна. Иако во Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија, првенствено се изучуваат деветте школи на Буџинкан Доџо, ние со задоволство одлучивме да ја изучуваме и оваа школа. Тоа се случи благодарение на учителот Антонино Черта, единствениот западен шихан на Даито рју Аикибудо, кој несебично прифати да го подучува инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски.
За следната година е договорен и семинар со сенсеи Черта во нашата земја, на кој ќе можеме уште подобро да го усовршуваме нашето знаење. 

Successfully held “Kenjutsu under the stars of Lipac” seminar

Posted on Categories Uncategorized

21062010020854ono4.jpgWhat a seminar, what a training, what an atmosphere! Simply put, flawless. Two days, five training sessions, two hours each, a total of 10 hours of diving into the marvelous world of Ono ha Itto Ryu Kenjutsu, in constantly changing weather conditions, sun and rain, followed by thunder and lightning.  During this seminar, we were practicing the basic kamae, cuts and blocks from this wonderful swordfighting school.
21062010020809Ono1.jpg

During the Saturday, we had three training sessions, while the rest of the day was used to build a camp and training ground. We used an old, abandoned 18th century house, overgrown with vegetation, which served us as a good hiding place from the rain and thunderstorm which we constantly heard through the entire day. During the evening, in a lovely atmosphere, we sat around the campfire, cooking (and eating) sausages and mushrooms cooked on campfire. Afterwards, all of us together, as canned sardines and stuffed in our sleeping bags, lied down in the only room of the house that was reasonably isolated, to avoid the constant raindrops falling from the attic.

21062010020825ono2.jpgDuring the Sunday, the first training was held right after sunrise. At the same time, some potatoes we’re rolling around in the campfire, which served as a tasty breakfast.
Afterwards, we headed for the other side of the mountain practicing Seishin Tekki Kyoyo (ask those that were there how).
On a lovely grass field, we held the last training session, followed again by a practice for spiritual growth through kuden

oral transmission).21062010020908ono5.jpg

Towards the end, all the students who attended this seminar expressed their great satisfaction from the quality of it. Even though the training was tiresome and hard, the dedication to learn this ancient Japanese school for sworfighting, helped them get over every hardship this seminar introduced.

21062010020838ono3.jpgOno Ha Itto Ryu is a school of clear, fast, powerful and simple movements, which are the things that make it so efficient. Even though in the School for classical Japanese martial arts Bujinkan Macedonia primarily we study the nine schools from the Bujinkan Dojo, it is our pleasure to study this school as well. That was made possible thanks to master Antonino Certa, the only western shihan of Daito Ryu Aikibudo, who selflessly accepted the instructor of Bujinkan Macedonia – Igor Dovezenski as a student of his.
Next year, we intend to organize a seminar with sensei Certa in our country, during which we will have a chance to further develop out knowledge of this art.

Кенџутсу под ѕвездите на Липац

Posted on Categories Почетна

07062010054803kenlipac.jpgШколото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан
Македонија, на 19 и 20 јуни (2010), организира семинар во природа со наслов „Кенџутсу
под ѕвездите на Липац“.

Како што самиот наслов кажува, семинарот ќе се одржи на
врвот на планината Липац, а ќе се обработуваат техники од класичната јапонска школа за
мечување Оно Ха Итто Рју.

Како што веќе знаете, покрај деветте школи на Буџинкан,
од неодамна инструкторот Игор Довезенски стана претставник и на организацијата
Даито Рју Аикибудо Даито Каи, во која се изучуваат две класични јапонски
боречки вештини: Даито Рју Аикиџуџутсу и Оно Ха Итто Рју Кенџутсу. Сето тоа ни
помага уште подобро да го разбереме начинот на Корју Буџутсу, феномен кој е
тема на проучување и вежбање во Буџинкан Македонија.

Ноќта, седнати околу логорскиот оган, ќе биде искористена за да ја
обработуваме вештината Сеишин Текки Кјојо односно духовното усовршување на воинот. И за дружење, кое е неизоставен дел при сите наши настани.

Ден: 19/20 јуни, 2010 година

Место: под ѕвездите на планината Липац

Опрема: шатор, вреќа за спиење, кеико ги, бокен, храна и
вода.

За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.

Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и
вештината.

Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Kenjutsu under the stars of Lipac

Posted on Categories Uncategorized

07062010054803kenlipac.jpgThe school for classical Japanese martial arts Bujinkan Macedonia, on the 19th and 20th of June (2010), is organizing a seminar in the outdoors, titled Kenjutsu under the stars of Lipac.

As the title says, the seminar will be held on the top of the mountain Lipac where we will study and practice techniques of the classical Japanese swordfighting school Ono Ha Itto Ryu.

As you may already know, besides the nine schools of Bujinkan, some time ago instructor Igor Dovezenski became a representative of the Daito Ryu Aikibudo Daito Kai organization, in which two classical Japanese martial arts are studied: Daito Ryu Aikijujutsu and Ono Ha Itto Ryu Kenjutsu. All this is helping us better understand the way of Koryu Bujutsu, a phenomenon which is a theme of study and practice in Bujinkan Macedonia.

The nighttime, around a campfire, will be used to practice the art of Seishin Tekki Kyoyo – the spiritual growth of the warrior. And of course, for having fun, which is an important part of each event we organize.

Date: 19/20 of June, 2010

Place: under the start of the mountain Lipac

Equipment: a tent, sleeping bag, keiko gi, bokken, food and water.

For additional information, give us a call.

The seminar is open for everyone, regardless of style or art they practice.

If you are in need of equipment, feel free to call us.

The seminar will take place regardless of weather conditions.

Принова во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

28052010171334Maloto.jpgШколото за класични јапонски боречки вештини Буџинкан Македонија има принова.
Семпаи Нела Довезенска вчера роди здраво машко дете. Како и со претходните две, таа во текот на целата бременост редовно ги посетуваше тренинзите во нашето доџо и помагаше во подучувањето на учениците-почетници (од доџо-на пораѓање).
Инаку, ова е трето дете на сенсеи Игор Довезенски и семпаи Нела.
Голема благодарност на сите Вас кои ни испратија срдечни честитки по повод раѓањето на нашиот син.
Посакуваме од се срце да Ви се врати со добро.