Пат кон Сонцето и во Битола

Posted on Categories Почетна

Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето наскоро и официјално ќе го
отвори вториот нинџутсу клуб во Македонија, кој ќе биде дел од
официјалниот сојуз-Буџинкан Македонија.
Отворањето на Пат кон Сонцето-Битола ќе биде проследено со семинар на
кој ќе земат учество и членовите на Пат кон Сонцето од Хомбу доџото во
Скопје.

Наскоро очекувајте повеќе информации во врска со овој настан.

Истовремено ги повикуваме и охрабруваме сите кои се заинтересирани да
отворат клуб во својот град (од внатрешноста на Македонија) и да ја
изучуваат нашата вештина, да не контактираат преку нашиот е-маил.

Буџинкан Македонија Гамбате Не !!!

Bujinkan Makedonija Gambate Ne !!!

Успешно изведен семинарот „Фукија Џутсу“

Posted on Categories Почетна

44e093dc-362a-4d87-86f8-bd789bcc8dde.jpgВо одлична и весела атмосфера и прекрасни временски прилики, на
планината со таинствена убавина-Липац, на денот на христијанскиот
празник „Цветници“, се одржа семинарот насловен како Фукија Џутсу. 
Членовите на нашата нинџутсу школа имаа можност да се запознат со
историјата, филозофијата и примената на ова древно и ефикасно оружје.

За повеќе информации одете на „Семинари“.

Семинар во природа !!!

Posted on Categories Почетна

fc4df1f9-4c04-4d99-a762-607294257b03.JPGВе известуваме дека на 1 април, 2007 година, Буџинкан Македонија ќе организира семинар во природа на тема Фукија Џутсу (вештина на користење цевки за издувување стрелки).
Семинарот е од затворен тип односно на него ќе можат да учествуваат само членовите на нашата организација.
Повеќе информации за семинарот можете да најдете во рубриката „Семинари“.

Принова во Буџинкан Македонија !!!

Posted on Categories Почетна

5e6b7738-8774-499a-bf0d-6e6283d3db9f.JPGНашето доџо Пат кон Сонцето и нашата организација Буџинкан Македонија
доби принова. Имено, нашиот член Томо Томовски (од лево) стана татко на
прекрасно мало девојченце. Женските нинџа воини во Јапонија се
нарекувале куноичи и ние искрено се надеваме дека малата куноичи ќе го
наследи татко си.
Му честитаме од се срце.

ИН МЕМОРИАМ – Почина Бони Малстром

Posted on Categories Почетна

7832809a-9863-4952-8824-eaf8fb9989f3.jpgПосле долго и тешко боледување почина една од највлијателните личности во Буџинкан Доџо, Бони Малстром.
Таа ќе остане запаметена како првата жена од Америка која го положила
Годан (5 Дан) тестот и како организатор на три интернационални Таи Каи
собири. Како сопруга на Бад Малстром (15 Дан), таа се грижеше за
обуката на женските членови во нивното доџо во Атланта.
Повеќе информации на:
http://www.bujinkanatl.com/about-bonnie.html
или пратете сочуство на:
http://www.bonniemalmstrom.com/

Нека и е вечна слава!

Добредојдовте

Posted on Categories Почетна

Драги боречки пријатели, добредојдовте на нашата нова веб-страница.

Најпрвин да ве информираме дека нашата стара веб адреса:

http://bujinkan-macedonia.tripod.com,
нема повеќе да биде во функција и дека отсега ова ќе биде местото каде
што ќе можете да бидете во тек со работата на нашата школа за боречки
вештини. Исто така, ве замолуваме да бидете потрпеливи и редовно да ја
посетувате оваа веб-страница од едноставна причина што во наредниве
недели постојано ќе се работи на нејзиното дообликување.
Истовремено, ви се извинуваме поради доцнењето на новата адреса: www.bujinkan.org.mk (стануваше збор за технички проблеми).

Уживајте во вашиот престој, Гамбате Кудосаи!

Упис на нови членови

Posted on Categories Почетна

Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето ќе врши
упис на нови членови во текот на месецот јануари. Сите заинтересирани
треба да испратат кратка биографија на нашиот е-маил: daito_macedonia@yahoo.com, по што ќе бидат контактирани во најскоро време.

Проширување на Буџинкан Македонија-задача за 2007

Posted on Categories Почетна

Ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да отворат секција во
состав на Буџинкан Македонија во својот град или село, да не
контактираат, бидејќи ние сакаме да ја рашириме нашата вештина на
територијата на целата држава. За повеќе информации, пишете ни на
нашиот е-маил.