Кенџутсу под ѕвездите на Липац

Posted on Categories Почетна

07062010054803kenlipac.jpgШколото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан
Македонија, на 19 и 20 јуни (2010), организира семинар во природа со наслов „Кенџутсу
под ѕвездите на Липац“.

Како што самиот наслов кажува, семинарот ќе се одржи на
врвот на планината Липац, а ќе се обработуваат техники од класичната јапонска школа за
мечување Оно Ха Итто Рју.

Како што веќе знаете, покрај деветте школи на Буџинкан,
од неодамна инструкторот Игор Довезенски стана претставник и на организацијата
Даито Рју Аикибудо Даито Каи, во која се изучуваат две класични јапонски
боречки вештини: Даито Рју Аикиџуџутсу и Оно Ха Итто Рју Кенџутсу. Сето тоа ни
помага уште подобро да го разбереме начинот на Корју Буџутсу, феномен кој е
тема на проучување и вежбање во Буџинкан Македонија.

Ноќта, седнати околу логорскиот оган, ќе биде искористена за да ја
обработуваме вештината Сеишин Текки Кјојо односно духовното усовршување на воинот. И за дружење, кое е неизоставен дел при сите наши настани.

Ден: 19/20 јуни, 2010 година

Место: под ѕвездите на планината Липац

Опрема: шатор, вреќа за спиење, кеико ги, бокен, храна и
вода.

За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.

Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и
вештината.

Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.