На 20 март, инструкторот Игор
Довезенски ќе одржи семинар во природа на тема: Фукија.
Станува збор за необично оружје кое било користено
од страна на легендарните јапонски шиноби воини и кое задолжително било проучувано како дел од школата Тогакуре рју Нинџутсу.
Фукија е цевка за издувување на стрелки, а на семинарот ќе се изучуваат сите аспекти на оружјето, од развитокот, па до начинот на употреба.
На семинарот можат да учествуваат сите ученици со обоен појас на Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.
Потребна опрема за вежбање: фукија и стрелки.
Тема: Фукија
Ден: 20.03.2011 (недела)
Место: Лока
Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот –
теоретски и практичен дел
17.00 враќање назад
Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.
На местото викано Слепо
таканаречените „круг на
Високотиражниот месечник „Лајф Магазин“ во најновиот (февруарски) број објави репортажа за последниот семинар во природа на Буџинкан Македонија. Текстот со наслов: „Зимски тренинг на македонските самураи“ е напишан од новинарката Катарина Стојанова, а фотографиите се на фоторепортерот Андреј Гиновски.
„Школото Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу