Во одлична другарска и работна атмосфера помина семинарот кој вчера се одржа во Градско, а во организација на нашата секција од оваа општина. Покрај домаќините, учество на настанот земаа и почетниците од секцијата во Тафталиџе, како и од Хомбу доџо-то од Скопје.
Помладите инструктори на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, во текот на целиот ден ги предаваа основите на школите Кото рју, Гјокко рју, Шинден Фудо рју и Такаги Јошин рју, а дваесетмината учесници на семинарот неуморно ги впиваа знаењата од овие четири класични јапонски борбени традиции.
Во текот на тренингот, но и за време на паузите, семпаи Прошев и семпаи Опачиќ, ги објаснуваа разликите и сличностите помеѓу школите, но истовремено раскажуваа и за своето позитивно искуство како членови на Буџинкан Македонија.
На крајот, честитки за одличната организација на семинарот на Панче Коцев, кој е на добар пат да навлезе подлабоко во прекрасниот свет на класичните јапонски борбени вештини (корју буџутсу).
Традиционално, на секои две години, Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија ја организира својата надалеку позната:
При исклучително студено
кое потекнува од традицијата на Тогакуре
На 27 март (2011), семпаи Марјан Прошев и семпаи Марко Опачиќ,
На покана од клубот Татсуџин од Белград, инструкторот на
другарување